Блог
Student Experience – Оливера Грујевска – учесничка на Data Analysis Академија
- август 6, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Data Analysis Student Experience
Да се започне нешто сосема ново секогаш носи одредена неизвесност. Кога немате претходно искуство, најважно е да пронајдете програма што ќе ви помогне постепено да ја запознаете областа и да откриете дали тоа е вистинската насока за вас.
Токму со таа цел, Оливера Грујевска се запиша на Data Analysis Академијата. Сакаше да стекне основни знаења од анализата на податоци и да открие дали оваа професија е насоката во која сака да се развива понатаму. Преку интерактивните предавања, практичните вежби и поддршката од менторите, таа стекна подобра слика за областа и откри кои алатки најмногу ѝ одговараат.
Во продолжение прочитајте го нејзиното искуство.
1. Каква беше вашата почетна точка и што ви остави најголем впечаток од програмата?
Немав претходно искуство во анализата на податоци, па Академијата за мене беше можност да ги направам првите чекори во оваа област.
Имав многу позитивно искуство. Предавањата беа интерактивни, сите ментори активно нè вклучуваа во вежбите и добивавме целосна поддршка во текот на сите модули.
2. Што ве поттикна да се запишете на програмата и кој беше главниот предизвик?
Сакав да се насочам кон анализата на податоци, а доколку навистина се пронајдам во оваа област, понатаму да продолжам и во насока на Data Science.
Најголемиот предизвик за мене беше делот што опфаќаше повеќе програмирање. Иако сфатив дека тоа не е насоката во која најмногу се пронаоѓам, ми помогна подобро да ги препознаам областите што најмногу ми одговараат.
3. Дали Академијата донесе конкретни резултати кај вас?
Да. Најголем впечаток ми оставија модулите за Excel и Power BI, бидејќи верувам дека токму тие ќе ми бидат најкорисни и најприменливи во иднина.
Академијата ми помогна подобро да ја разберам анализата на податоци, да стекнам практични знаења и да добијам појасна слика за насоката во која сакам професионално да се развивам.
4. Што би им порачале на луѓето кои размислуваат да се запишат на оваа обука?
На сите кои немаат претходно искуство, а сакаат да навлезат во светот на анализата на податоци и да стекнат практични знаења, Data Analysis Академијата на SMX Academy е одличен избор.
Оливера покажува дека не е потребно претходно искуство за да започнете кариера во Data Analysis. Со интерактивни предавања, практична работа и поддршка од искусни ментори, секој може да изгради цврста основа и да открие во која насока сака да се развива понатаму.
Доколку и вие сакате да ги направите првите чекори во анализата на податоци или да ги надградите своите аналитички вештини, Data Analysis Академијата ќе ви помогне да стекнете практично знаење и сигурна основа за понатамошен професионален развој.
👉 Дознајте повеќе за програмата: https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/