Student Experience – Симон Велковски – учесник на Bootcamp за Внатрешен дизајн
- јуни 3, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: AutoCAD и 3ds Max Bootcamp Student Experience

Некои одлуки носат реална промена. Особено кога се темелат на јасна цел: личен и професионален раст. Симон не беше почетник, но имаше желба за продлабочување на своето знаење и усвојување современи пристапи во внатрешниот дизајн. Преку Bootcamp-от на SMX, тој го доби токму тоа: практична програма, менторска поддршка и алатки што се користат денес во индустријата.
👀 Прочитај како изгледаше ова искуство низ негови очи.
- Кратко запознај не со тебе. Дали претходно си имал интерес или искуство со внатрешен дизајн?
Мојот интерес за внатрешниот дизајн постои уште од најрана возраст. Страста за простори, форми и функционалност ме водеше да го продолжам моето образование во оваа област. Дипломирав на студии по внатрешен дизајн и архитектура, каде што стекнав теоретски и практични знаења, кои претставуваат цврста основа за мојата понатамошна професионална надградба. - Што те мотивираше да се запишеш на Bootcamp-от за Внатрешен дизајн?
Мојата мотивација да се запишам на овој Bootcamp произлегуваше од желбата постојано да се усовршувам и да бидам во тек со современите пристапи, алатки и трендови во индустријата. Го гледав како одлична можност за практична надградба, интензивно учење и професионално вмрежување со искусни ментори и ентузијасти како мене.
- Како дозна за SMX и зошто се реши токму за овој Bootcamp?
За SMX дознав преку социјалните мрежи, каде што вниманието ми го привлече иновативниот пристап, структурата на програмата и квалитетот на едукативниот кадар. Се одлучив токму за овој Bootcamp бидејќи веднаш забележав дека се работи за сериозен и структуриран пристап кон наставата, кој е во чекор со глобалните стандарди во дизајнот.
- Кој дел од програмата ти беше најинтересен (на пр., распоред на простории, боја и текстура, софтвери)? Зошто?
Искрено, секој дел од програмата ми беше подеднакво интересен и корисен. Од планирање на просторот, преку избор на материјали и палети на бои, до работа со софтвери, секој сегмент придонесе за зацврстување на моето знаење и проширување на перспективата во однос на внатрешниот дизајн. Програмата беше внимателно осмислена и имаше практична примена, што е клучно за оваа професија.
- Кој ти беше најголемиот предизвик за време на Bootcamp-от и како го надмина?
Секој модул во рамки на Bootcamp-от носеше свои предизвици, но токму тоа го правеше искуството вредно. Благодарение на извонредната поддршка од менторите, кои беа секогаш подготвени да помогнат и да дадат конструктивни насоки, сите предизвици беа успешно надминати и прераснаа во искуства од кои многу научив.
- Како планираш да го искористиш знаењето од Bootcamp-от во иднина, дали за лични проекти, фриленс, или нова кариера?
Стекнатото знаење од Bootcamp-от планирам да го искористам за унапредување на мојата професионална кариера во областа на внатрешниот дизајн. Целта ми е да се профилирам како конкурентен дизајнер, подготвен да работи на високо ниво, било преку вработување, фриленс проекти или градење сопствен бизнис. - Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Bootcamp-от за Внатрешен дизајн?
Мојата порака до сите кои размислуваат да се запишат на Bootcamp-от е да не двоумат. Програмата е интензивна, практична и стручно водена, совршена можност за сите кои сакаат сериозно да се посветат на внатрешниот дизајн. Ова е инвестиција што носи вистински резултати, и секој вложен момент ќе Ви се исплати со стекнато знаење, вештини и самодоверба.
Многумина имаат око за естетика. Но вистинскиот внатрешен дизајн бара повеќе – структура, разбирање на простор, материјали и функција.
На крајот, она што го одвојува аматерот од професионалецот не е само талентот, туку желбата да се учи, да се напредува и да се применува стекнатото знаење.
SMX Bootcamp-от не е само теоретски курс, туку вистинска платформа за раст. За сите што сакаат да се издвојат на пазарот, да стекнат применливи вештини и да бидат подготвени за работа, ова е вистинското место.