Student Experience – Стефани Маркоска (HR Bootcamp)
- мај 6, 2026
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: HR Bootcamp Student Experience
Стефани Маркоска доаѓа од областа на психологијата и советодавна работа со луѓе, но без формална HR структура. Преку HR Bootcamp-от во SMX Academy, добива можност да го надгради своето искуство со практични HR вештини, реални сценарија и алатки кои веднаш може да ги примени во работа.
Каква беше вашата почетна точка и што ви остави најголем впечаток од програмата?
Мојата почетна точка беше од аспект на психологија и советодавна работа со луѓе, но без формална HR структура. Најголем впечаток ми остава тоа колку програмата е практично ориентирана – од реални сценарија до алатки кои веднаш може да се применат.
Особено ми се допадна тоа што секоја тема беше објаснета преку реални ситуации и примери од пракса, па целото учење делуваше многу полесно и поблиску до реална HR работа.
Дополнително, бев пријатно изненадена од флексибилноста на програмата и постојаната поддршка од тимот на SMX Academy.
Што ве поттикна да се запишете на програмата и кој беше главниот предизвик?
Се запишав бидејќи сакав да ја надградам мојата работа со луѓе со поконкретни HR вештини.
Главниот предизвик ми беше да излезам од мојата comfort зона и да почнам да размислувам повеќе стратешки, а не само советодавно. Во целиот процес многу значеше тоа што тимот беше секогаш достапен и излегуваше во пресрет кога беше потребно.
Дали Bootcamp-от доведе до конкретни резултати кај вас?
Bootcamp-от ми носи многу поголема сигурност во пристапот, особено кога станува збор за структурирање процеси и комуникација во организациски контекст.
Истовремено, ми отвора и многу нови хоризонти во однос на мојата кариерна патека и можностите за понатамошен професионален развој. Највредно ми е тоа што стекнувам практични алатки кои веќе ги користам во мојата работа.
Што би им кажале на луѓе кои размислуваат да се запишат на оваа обука?
На сите кои размислуваат да се запишат би им рекла – ако сакате практично знаење, јасна структура и реална примена, ова е одличен избор. Не е само теорија, туку вистинска подготовка за работа.
Би сакала посебно да изразам благодарност до нашите менторки Фросе Тумановска и Џина. Со нивната ведрина, професионалност и искрен пристап, учењето го прават не само корисно, туку и навистина пријатно и инспиративно.
Несебично го споделуваат нивното лично искуство и преку практични примери ни го доближуваат материјалот на начин што лесно се разбира и памети. За мене е вистинска привилегија да учам од нив.
Заклучок
За Стефани, HR Bootcamp-от претставува трансформација од работа со луѓе и советодавен пристап кон појасно разбирање на HR процесите и организациската комуникација. Програмата ѝ овозможува да стекне практични HR вештини, поголема сигурност и да отвори нови можности за професионален развој и кариера во HR областа.