Student Experience – Трајче Митев – учесник на Data Analysis Academy
- септември 22, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Data Analysis Student Experience

Со желба да се развива во ИТ секторот и да стекне практични знаења од областа на анализата на податоци, Трајче Митев се запиша на Data Analysis Academy.
Преку конкретни задачи и проекти, тој стекна искуство со Excel, SQL, Power BI и Python и подобро го разви начинот на размислување потребен при анализа на податоци.
Во продолжение прочитајте го неговото искуство.
1. Какво беше вашето искуство со Data Analysis Academy и што ви остави најголем впечаток?
Искуството ми беше навистина позитивно и корисно.
Најмногу ми се допадна тоа што обуката беше практично ориентирана и што имавме можност стекнатото знаење да го применуваме преку конкретни задачи и проекти.
Особен впечаток ми остави пристапот на предавачите и нивната подготвеност дополнително да објаснат и да помогнат кога нешто не беше доволно јасно.
2. Што ве мотивираше да се пријавите и дали обуката ги исполни вашите очекувања?
Мојата главна мотивација беше желбата да се развивам во ИТ секторот и да стекнам практични знаења од областа на Data Analysis.
Обуката целосно ги исполни моите очекувања, а во одредени делови и ги надмина.
Освен теоретско знаење, добив и практично искуство со алатки кои се користат во реална работна средина.
3. Кои знаења и вештини ги сметате за најкорисни?
Најкорисни ми се знаењата од Excel, SQL, Power BI и Python, како и начинот на размислување при анализа на податоци.
Особено интересен ми беше Power BI, бидејќи овозможува податоците да се претворат во јасни и интерактивни извештаи и dashboards.
Верувам дека овие вештини ќе ми бидат од голема корист во понатамошниот професионален развој.
4. Што би им порачале на луѓето кои размислуваат да се пријават?
На сите кои размислуваат да се пријават би им ја препорачал обуката.
Доколку сакате да направите промена во кариерата или да ги надградите своите знаења во областа на анализата на податоци, ова е одлична можност да започнете.
Најважно е да имате желба за учење, да бидете посветени и подготвени редовно да вежбате и да работите на практични проекти.
За Трајче, Data Analysis Academy претставувала можност да стекне и теоретско знаење и практично искуство со алатките што се користат во областа.
Работата со Excel, SQL, Power BI и Python му помогнала подобро да го разбере процесот на анализа и начинот на кој податоците можат да се претворат во јасни и интерактивни извештаи.
Размислувате за промена во кариерата или развој во областа на Data Analysis?
Погледнете што опфаќа програмата и информирајте се за начинот на следење и пријавување.
📖 Погледнете ја програмата и пријавете се: https://data-analiza.smx.mk/