Водич за почетници во HR – Сè што треба да знаете за професијата Human Resources
- март 25, 2024
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: HR Bootcamp

Добредојдовте во светот на Human Resources (HR)!
Без разлика дали сте на почеток, размислувате за промена на кариера или едноставно сакате подобро да разберете како функционира HR, овој водич ќе ви даде јасна основа.
HR е клучен дел од секоја компанија, бидејќи се фокусира на најважниот ресурс: луѓето. Но денес, не е доволно само да се знае „што е HR“. Важно е да се разбере како компаниите реално размислуваат и што навистина бараат од кандидатите.
Што е HR?
Human Resources опфаќа повеќе од класичните процеси како регрутација и вработување.
Тука спаѓаат:
– онбординг
– развој на вработени
– управување со перформанси
– задржување на таленти
HR професионалците имаат улога да создадат средина во која луѓето не само што работат — туку напредуваат.
Зошто HR е важен?
HR има директно влијание врз успехот на компанијата.
Правилниот избор на луѓе, нивната мотивација и начинот на кој функционира тимот, се фактори што прават разлика помеѓу просечна и успешна организација.
Затоа компаниите обрнуваат големо внимание на CV-то, но уште повеќе на тоа што навистина покажува: дали кандидатот може да придонесе и да се вклопи во тимот.
Кариерни патеки во HR
HR нуди различни можности за развој:
– HR асистент
– регрутер
– HR менаџер
– специјалист за обука и развој
– compensation & benefits
– HR Business Partner
– Talent Acquisition Specialist
– HR Generalist
Секоја улога бара комбинација од комуникациски вештини, разбирање на луѓе и способност за решавање ситуации. Но најважно е да се има поширока слика и разбирање како функционира една организација.
Како да започнете кариера во HR?
Најчестата мисла е: „Немам HR позадина.“ Но во пракса, воопшто не е пресудно од која насока доаѓате.
Многу луѓе влегуваат во HR од администрација, продажба, работа со клиенти, правни или други области, и веќе поседуваат дел од основните вештини што се бараат. Комуникацијата, разбирањето на луѓе, справувањето со различни ситуации и конфликти, како и организацијата, сето тоа е директно применливо во оваа професија.
Она што најчесто недостасува не е потенцијал, туку препознавање и насочување на тие вештини. Многумина не знаат како да ги претстават на начин што компаниите го вреднуваат, па поради тоа остануваат во средина без раст и напредок, иако имаат капацитет за повеќе.
Затоа првиот чекор не е да почнете од нула, туку да разберете што веќе имате и како тоа може да се вклопи во HR. Кога ќе го видите тоа јасно, целиот процес станува многу поедноставен и понасочен.
Што следи понатаму?
Во пракса, најголемата разлика не доаѓа од тоа што знаете теоретски, туку од тоа колку брзо можете да ги примените работите во реална ситуација.
Токму затоа, низ нашите HR програми имаат поминато 180+ учесници: од различни насоки како администрација, право, customer support, операции, финансии, од кои голем дел успеале да направат конкретен чекор напред: нова позиција, промена на кариера или поголема одговорност во својата улога.
3-месечниот HR Bootcamp е поставен така што ви дава повеќе од основа. Покрај клучните HR процеси, ќе работите на практични задачи, реални сценарија и ситуации со кои се соочуваат компаниите денес.
Фокусот не е само на знаење, туку на тоа како да размислувате како HR, како да пристапувате кон луѓе и ситуации и како да се позиционирате како сериозен кандидат на пазарот.
Во рамки на програмата, учесниците добиваат и Европски сертификат како потврда за стекнатите знаења, што може да биде дополнителна предност при аплицирање.
Додека го читате ова…
Ако сакате појасна слика пред да направите следен чекор, подготвивме бесплатно предавање каде ќе дознаете:
– што навистина бараат компаниите
– кои вештини прават разлика
– како да го направите првиот чекор во HR
👉 Пријави се бесплатно и резервирај го твоето место
2 коментари
Comments are closed.
Ве молам за повеќе инфо.
Ви благодарам!!
Thank you