Бесплатен вебинар за Salesforce

Што е Salesforce која е улогата на Salesforce Admin во една компанија

Со пополнување на формата ќе добиеш снимка од вебинарот

Времетраење: 90 минути

Бесплатно

Ниво: Почетник

Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро и ќе ја испрати снимката од вебинарот.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што е Salesforce

Salesforce е најголемата платформа во светот за Customer relationship management (CRM) или систем за водење евиденција на клиенти и корисници. Salesforce е всушнот cloud базирана платформа која на бизнисите им овозможува користење на алатки кои може да им помогнат за наоѓање нови контакти, да направат повеќе продажби и да имаат подобра услуга за корисниците/клиентите. Преку овој софтвер, компаниите можат да ги следат сите активности во текот на целиот процес на продажба и задржување на потрошувачите.

Зошто да учите и работите со Salesforce

Salesforce е лидер на пазарот за CRM во светски рамки, што значи огромен број компании го користат нивниот софтвер и алатки, а се повеќе и само што започнуваат. 

Зголемена побарувачка на професионалци

Salesforce платформата доминира на светскиот пазар со над 150.000 компании како клиенти, од мали бизниси до големи компании како Google & Facebook. Најразлични индустрии го воведоа Salesforce како главен CRM за нивните секојдневни процеси и работни задачи. Работните позиции во оваа област се зголемуваат секојдневно, а оваа Академија има за цел целосно да те подготви за да започнеш со работа веднаш.

Remote work (работа од било која локација)

Бидејќи самата платформа е cloud базирана, ова значи дека вашите обврски можете да ги завршувате онлајн од било која локација. Иако се повеќе компании во Македонија почнуваат да користат Salesforce, многу странски компании се повеќе бараат професионалци во оваа област од Македонија, за што сведочат бројните огласи за вработување периодов.

Светски признат сертификат

Целиот процес на тестирање и сертифицирање се одвива преку самиот Salesforce, што овозможува сертификатот да биде признаен насекаде низ светот и да ви отвори многу врати. Сертификатот може да го прикажете во вашето CV или преку онлајн платформите за работа како Upwork, Fiver или LinkedIn, што ќе биде потврда за вашето знаење од работните обврски во Salesforce.

За што ќе зборуваме на вебинарот за Salesforce Admins

За што го користат компаниите Salesforce

Која е улогата на Salesforce Admin

Како Salesforce Admin овозможува зголемување на продажба

Кои вештини се потребни за таа професија и кои се можностите

Запознај го говорникот на вебинарот и инструкторот на академијата за Salesforce Admin

Мојата безвременска љубов со Salesforce започна пред околу 4 години. Тогаш не верував дека некогаш ќе работам со бројки или дата. Меѓутоа еве сме, после 4 години се случува токму тоа. Голем дел од мојата професионална поврзаност со Salesforce ја поминав како end-user. Благодарение на тој период добив уникатен увид во тоа како би изгледала идеалната (или блиску до тоа) конфигурација на Salesforce што дозволува лесна примена од корисниците меѓутоа во исто време одговара на бизнис потребите на компанијата.

Мишел Наумоски

Salesforce admin & Revenue Operation Analyst

Изминатите две години работам повеќе на аналитичката страна воглавно како Sales Operations Analyst и од пред 8 месеци како Revenue Operations Analyst. Работата како Salesforce администратор е еден нов предизвик за мене бидејќи конечно ме става од другата страна на паричката. Сега веќе сум во можност онаа user-based идеална конфигурација на Salesforce да ја направам самиот. Тоа е најкреативниот можен аспект за секој Salesforce админ. Буквало ги имате сите алатки, без никакво кодирање за да креирате една моќна алатка која овозможува раст на компаниите, но во исто време не ги оптоварува корисниците со непотребни кликови.

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
курсеви организирано
0 +
учесници
0 +
инструктори во тимот
0

Што велат нашите учесници

SMX организира три-месечна академија за Salesforce Admin

Ние ќе ти помогнеме преку нашата повеќемесечна програма за совладување на целиот материјал потребен да се здобиеш со официјален сертификат од Salesforce.

Зошто академија за Salesforce во SMX?

Искуството што го стекнавме со организирање на над 180 курсеви и обуки, со над 2000 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.

Нашиот тим подолго време е во процесот на подготвување на најпрвин кратки курсеви во областа на продажба и бизнис алатки. Сега преминавме кон изготвување комплетно решение за сите кои сакаат да направат сериозна надградба на нивната кариера.

Ѓорги

Координатор на програмата

Преку нашата академија за Salesforce Administrator, ќе имаш можност да работиш со инструктор кои е максимално посветен да се постигне и разбере материјалот. Нашите учесници на крајот од програмата ќе ја стекнат потребната самодоверба и знаење за да можат подлабоко да навлезат во светот на Salesforce.

Програмата што ја нудиме е интензивна, и соодветна да ти помогне да се стекнеш со сите потребни вештини на еден SalesForce администратор, и да го совладаш сертификациониот процес во Salesforce за стекнување со официјален сертификат.

Што ќе научиш во академијата

Менаџирање на корисници

Креирање на бизнис процеси

Автоматизација

Конфигурација на Sales Cloud и Service cloud