Бесплатен вебинар: Најважните правила и практики за видео обработка - Како тоа го прават врвните професионалци

Дознај како професионалните видео монтажери креираат атрактивни видеа и како тоа се прави во големите компании

Четврток 25-ти јануари | Почеток 18.30

Времетраење: 90 минути

Бесплатно

Ниво: Почетник

Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро и ќе ја испрати снимката од вебинарот.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Со користење на Premiere Pro & After Effects до квалитетни и атрактивни видеа

Сигурно се повеќе забележувате видеа во краток и подолг формат кој се користи на социјалните мрежи во најразлични варијанти. Често ни излегуваат видеа на YouTube, ни се појавуваат на Instagram, навистина насекаде. Можеби сте забележале дека има навистина квалитетни видеа, не само за странски компании, туку и за домашни компании, изработени според светски стандарди и правила. 

Кои се всушност тие правила и практики што ги знаат врвните професионалци во оваа индустрија, што придонесуваат за креирање на најдобрите видеа? Како работат видео монтажерите користејќи ги најпознатите програми Premiere Pro & After Effects?

Дознај за време на БЕСПЛАТНИОТ ВЕБИНАР!

Зошто да учиш Видео монтажа со
Premiere Pro & After Effects

Со се поголемото користење на видеото на сите социјални мрежи и маркетинг платформи, побарувачката за професионалци кои знаат како да се обработуваат видеа кои се користат за монтажа на реклами, спотови и филмови, расте се повеќе, како за домашни компании, така и за странски компании. Можноста за започнување креативна кариера во една од најбрзорастечките индустрии, овозможува многу шанси за заработка и надоградба. Вештините што ќе ги научиш се универзални и применливи во многу други полиња. 

Bootcampot што го организира SMX Acaemy за видео монтажа, ќе ти користи да ги научиш вештините за видео монтажа од професионалец кој е во оваа индустрија повеќе од 10 години.

За што ќе зборуваме на вебинарот за
Видео обработка

Зошто Premiere Pro & After Effects

Зошто овие две програми се толку популарни и користени

Најважните практики и
правила

Како се одвива процесот на креирање на видеа и на што најмногу треба да се внимава

Насоки за надоградба

Како да се започне со учење, каде се најчестите грешки и кои се најдобрите опции за кариера во оваа индустрија

Запознај го инструкторот

Владимир Андреевски

Graphics Designer,UI/UX, Motion Graphics, Video Editor, VFX, 2D And 3D Artist

Владимир има повеќе од 10 години искуство во дигиталниот маркетинг како тим лидер, визуелен артист (графички дизајн, Motion Graphic, UI/UX дизајн, видео едитор, VFX, SFX, 2D и 3D) и огромна пасија кон споделување на стекнатите вештини и знаења.

Проектите на кои Владимир е особено горд се за познати наши и светски компании, како што се Ford, Opel, Тутунска Банка, Grow Landscapes, Brainy Crafts, Raiffeisen bank, Marriott Hotels, Skechers, Forza и Nespresso.

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
курсеви организирано
0 +
учесници
0 +
инструктори во тимот
0

Што велат нашите учесници

SMX организира 3.5 месечен
Видео монтажа Bootcamp

Доколку сакаш да започнеш кариера како Видео монтажер со Premiere Pro & After Effects, првиот чекор е соодветна едукација (добро да ја разбереш како се работи во програмите), а потоа практично да можеш да го имплементираш знаењето. Токму за време на овој Bootcamp имаме вклучено теоретска настава И 1 месец практична работа.

Што ќе научиш на буткампот

Комплетно уредување на видео со Premiere Pro

Додавање и уредување на различни видови аудио формати

Владење со Motion Graphics

Интеграција на Premiere Pro & After Effects во проекти

Изградба на портфолио

Пракса и техники реализирани во ПРОЕКТ на кој ќе работиш 1 МЕСЕЦ

Работа на реални проекти

Со цел Bootcamp-от за видео монтажа да биде целосен, SMX воспостави соработка со маркетинг агенцијата Пиксел, кои несебично прифатија да бидат дел од програмата. Тимот на Пиксел ќе биде во редовна комуникација со инструкторот и SMX со цел да се поставуваат неделни задачи до учесниците, кои треба да бидат комплетирани до дадениот рок. Освен кратките задачи, по завршување на 2-ипол месеци активни предавања, ќе започнеме со 1 месец практична работа каде реалниот проект ќе биде зададен од Пиксел и за да се добие сертификат за успешно комплетирање на bootcam-от, потребно е да се заврши на време. 

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!