Во последните неколку години, многумина успешни претприемачи и познати личности упатија пораки до сите нас што порано да почнеме да учиме програмирање. Меѓу најпознатите се Бил Гејтс, Марк Зукерберг, дури и поранешниот претседател на САД, Барак Обама им препорача на сите во Америка да научдат програмирање, а посебен акцент стави на учење на програмирање кај децата.

Постојат многу аргументи зошто да почнете да учите програмирање, но можеби најцврстиот е дека со тоа младите се подготвуваат за работните позиции кои ни ги носи иднината. Како што вели Барак Обама, програмирањето е “вештина која е неопходна за економски можности и социјална мобилност.”

Дополнително, програмирањето е писменост која е неопходна за разбирање на нашиот се поголем компјутерски свет. Давид Рушкоф во својата книга “Програмирај или биди Програмиран” вели дека за да бидеш информиран граѓанин, важно е да разбираш како софтверот може да манипулира со нашето однесување, да ја нарушува приватноста и да ги загрозува нашите права.

Преку програмирањето, младите ќе можат да бидат креатори во дигиталната економија и активни граѓани во нашиот технолошки свет, а не само корисници. Исто така, луѓето треба да имаат подобар преглед како се развива софтвер бидејќи без тоа знаење, тие можат да се најдат во ситуација во која нема да се во можност да го користат софтверот кој други го изградиле за нив.

Еден друг бенефит на програмирањето е можноста да се применуваат вештините и во реалниот живот. Користењето на логика и концептуалното работење може да придонесе кон подобрување на многу наши секојдневни работни обврски, преку кои можеме да бидеме попродуктивни и поефикасни.

Иако има аргументи против учењето програмирање, сепак за сега овој тренд нема да опадне. Бројките на светски рамки покажуваат дека работните позиции во IT индустријата не само што се зголемуваат, туку и стануваат се подобро платени.