.NET АКАДЕМИЈА ЗА ПРОГРАМИРАЊЕ

SMX стартува уште еден термин од .NET академијата за програмирање! 

Преку веќе докажана програма, искусни инструктори и усовршени начини на работа и учење, ќе се стекнеш со знаење и вештини кои се потребни за да започнеш кариера во IT светот. 

Ние сме првиот едукативен центар во Македонија кој овозможи учество на академиите за програмирање преку стипендии, со што заедно со нашите студенти се вложуваме да се постигне главната цел – вработување во IT компанија.

Затоа и овој термин од .NET академијата за програмирање, SMX нуди 12 полустипендии во вредност од 900 евра, а останатите 900 евра се плаќаат по вработување!

ПОЛУСТИПЕНДИЈА: 900 ЕУР

5 МЕСТА СО ПОЛУСТИПЕНДИЈА

Редовна цена: 1800 евра

Почеток: 20-ти март 2024

Технологии: C#, ASP.NET, SQL, JavaScript, Angular

077648049

Пријави се за полустипендија во вредност од 900 евра!

ШТО Е ПОЛУСТИПЕНДИЈА?

Нудиме 12 полустипендии во вредност од 900 евра, а останатите 900 евра се плаќаат по вработување!

Предизвикот за учење на програмски јазик и влез во ИТ индустријата како програмер е голем. Затоа SMX одлучи да овозможи уникатна шанса за нашите студенти, каде ќе го дадеме нашиот максимум за совладување на материјалот и асистенција при процесот на вработување. На овој начин, ние инвестираме во нашите студенти суштински да го научат материјалот и да бидат подготвени за започнување на работните позиции во ИТ индустријата.

Преку оваа опција, SMX овозможува заеднички да се вложиме и да ја оствариме целта – вработување по завршување на академијата. Со полустипендија, плаќаш половина од сумата односно 900 евра на рати без камата, а останатата сума од 900 евра се плаќа повторно на рати, но само ако се вработиш во ИТ компанија по завршување на академијата. 

Како да добиеш полустипендија?

Пополни ја кратката форма на оваа страна и нашиот тим ќе те контактира со сите потребни информации за приклучување во групата и ќе бидеш дел од 12-те учесници со полустипендија!

КОИ СЕ НАШИТЕ ПРЕДНОСТИ?

Наша цел е да го совладаме материјалот, без оглед на тоа колку време е потребно. На пример, ако некои теми се попредизвикувачки за нашите студенти, нашиот тим ќе посвети дополнително време за да се погрижи да се совладат истите.

Наша цел е да го совладаме материјалот, без оглед на тоа колку време е потребно. На пример, ако некои теми се попредизвикувачки за нашите студенти, нашиот тим ќе посвети дополнително време за да се погрижи да се совладат истите.

SMX е единствената академија во Македонија која има партнерство со платформата. Имаме можност сите наши студенти да добијат посебен профил и да ги користат сите опции на системот за контрола на верзијата Git. Сето ова ќе помогне во нивниот развој и ќе поттикне тимската работа. 

Освен практичните делови на нашата академија, ние исто така се фокусираме на кариерно советување. Ние сме во постојана комуникација со сите наши студенти, одржуваме интерни настани на различни ИТ теми и им помагаме да се подготват за предизвиците што претстојат. 

ЗОШТО АКАДЕМИЈА ЗА .NET ПРОГРАМИРАЊЕ ВО SMX?

PAIR LEARNING - Паралелно учење и работење во парови

SMX е првиот едукативен центар кој воведе нов и уникатен начин на учење на материјалот преку работа на задачи и проекти во пар.

КОРИСТЕЊЕ НА GITHUB CAMPUS

SMX е единствениот македонски едукативен центар кој е во партнерската програма на GitHub што ни овозможува понапредно работење и учење.

ЕДЕН ТЕРМИН ГОДИШНО

Нашиот тим знае дека на секоја група од академијата мора да се посвети доволни време за нивото на знаење да биде високо.

ДОКАЖАН ТИМ НА ИНСТРУКТОРИ

Секој од инструкторите има најмалку 7 години искуство како програмер, посветени целосно на обезбедување квалитетна едукација

ПРОГРАМА

Посебен фокус во програмата ќе биде ставен на совладување на Git и GitHub преку нашата соработка со GitHub Campus, како и на работата во пар во форма на Pair Learning (Programming)

C# Fundamentals

ASP.NET Core 6/7 | ASP.NET Core Web API

Entity Framework Core

SQL / T-SQL

HTML/CSS / Bootstrap

JavaScript - Basics

Angular Introduction, Project Folder & Project Architecture

Работа на реални проекти

Career Prep / Networking

ШТО ЌЕ НАУЧИШ

Како да работиш со Git и како да го користиш GitHub за градење на портфолио и работа во тим

Како да програмираш со едни од најпопуларните и најбараните програмски јазици C#, JavaScript, ASP.NET

Развивање на веб апликации користејќи ги технологиите од програмата

Како се работи на реални проекти во тим со помош на искусни ментори кои преку практични примери ќе ти помогнат да го стекнеш потребното знаење

Како да го изградиш твоето портфолио на GitHub и како да го оптимизираш твојот LinkedIn профил за зголемени шанси за вработување

инструктор

ЗОШТО ДА УЧИШ .NET

Најатрактивна технологија во Македонија во 2024

Следејќи ги трендовите на пазарот за труд во IT индустријата во Македонија, SMX веќе 5 години активно е присутен со анализа на огласите за работа и можностите за вработување.

Според нашите внатрешни анализи, во 2023 година, .NET технологијата имаше значителен скок во огласите за работа што ни кажува дека се повеќе компании добиваат проекти базирани на оваа технологија. Токму затоа, иако JavaScript е се уште многу присутен и проширен програмски јазик, потенцијалот на .NET во 2024 година е голем да стане најатрактивна технологија.

Просечна нето плата 70.000 ден според Моја Плата

Според платформата мојаплата.мк, професијата како .NET програмер има просечна месечна нето плата од 70,000.00 денари што ја прави една од најпривлечните позиции во Македонија, односно се наоѓа во топ 30. Според информациите на пазарот, потребни се најмалку 3 години работа во индустријата за да се приближите на посочената плата, со што потоа потенцијалната заработувачка е уште поголема.

Широка примена од веб апликации до игри

Применливоста на .NET е се поголема, овозможувајќи разноличност и голем избор при насоката во која ќе се одлучите да се развивате. Засега, најголем дел од програмерите работат во делот со веб апликации, но со големиот раст на gaming индустријата во последните години, голем дел од проектите што ги добиваат компаниите се во таа област, што дава можност за дополнителна надградба и шанса за поголема заработувачка.

Зошто .NET во SMX?

Искуството што го стекнавме со организирање на над 35 курсеви и обуки, со над 3700 учесници, ни овозможи да знаеме што е најважно кога организираме програми и што точно бараат учесниците.

Преку нашата академија за .NET, ќе имаш можност да работиш со инструктори кои се максимално посветени да се постигне и разбере материјалот. Нашите учесници на крајот од програмата ќе ја стекнат потребната самодоверба и знаење за да можат подлабоко да навлезат во светот на програмирањето.

Програмата што ја нудиме е интензивна и е потребно доста труд да се вложи и од страна на учесниците, меѓутоа токму тоа ќе помогне за успешно комплетирање и усовршување во .NET.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Полустипендија

900 ЕУР на рати

Платформи

Zoom/GitHub/Slack

Распоред:

Пон-Среда-Петок

Времетраење

7 месеци предавања и проекти