Најчесто поставувани прашања – (Летен курс) Автоматизација, извештаи и аналитика во Salesforce со Мишел Наумоски
- јули 17, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Дигитални вештини
Дали досега си чул/а за CRM алатката Salesforce? Оваа алатка во моментов е една од најупотребуваните алатки кога станува збор за менаџирање со податоците на клиентите и односите со нив во една корпорација, и се смета дека е иднината на CRM секторот… Зошто е тоа така?
Оваа алатка е приказ на умешноста на напредната технологија да се искористи за подобрување на одредена работа која е од особено значење за секоја компанија. Поради бројните можности кои ги поседува како Sales Management; Contact & Account Management; Marketing Automation; Customer Support & Service; Analytics & Reporting; како и можноста да тимот меѓусебно комуницира со помош на оваа алатка.
Во SMX покрај краткиот 5 дневен курс организираме и 3-месечна Академија за секој оној кој сака професионално да се занимава со алатката Salesforce т.е да започне кариера како Salesforce Admin.
Денес разговараме со инструкторот на курсот кој е воедно инструктор и на Академијата – Мишел Наумоски со кој ќе можеш подобро да се запознаеш, и добиеш повеќе информации за курсот и програмата.
- Кое е твоето практично искуство со Salesforce?
Работам со Salesforce скоро шест години. Имав можност да бидам од двете страни на паричката. Доста време поминав работејќи во платформата како корисник, но потоа започнав да се интересирам за сите можности кои Salesforce ги нуди па доста време поминав работејќи со репортинг алатките на платформата, за изминативе повеќе од година дена професионално да работам како Salesforce Administrator.
- Што ќе се учи за време на курсот?
Ќе навлеземе доста длабоко во репортинг функциите на Salesforce, ќе креираме најразлични репорти, ќе научиме како да ги визуелизираме тие репорти преку dashboards, потоа ќе посветиме добар дел од времето и на темата на автоматизација на процеси која што во последно време е доста актуелна, односно како да го скратиме времето кое нашите корисници го поминуваат во непродуктивни задачи.
- Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?
Наставата ќе биде комбинација од теорија и практика со тоа што практичниот дел ќе биде доста поприсутен бидејќи сето она што ќе го учиме во рамки на курсот веднаш ќе го примениме креирајќи реални процеси на автоматизација, ќе изработуваме репорти, dashboards со што учесниците ќе може веднаш да ги видат ефектите од наученото.
- Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за Salesforce во SMX?
Причина број 1: Salesforce веќе е број 1 CRM платформа во светот, за многу брзо тој тренд ќе дојде и во Македонија така да што побрзо се качиме на тој воз тоа подобро за нас.
Причина број 2: За да работите како Salesforce професионалец, веќе не постојат географски граници, добивате глобални можности и причина број 3: Идеален начин да научите светски реномирана платформа.
- За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?
Овој курс може да го посетуваат и почетници, и учесници со претходно искуство. И покрај тоа што делот за автоматизација е малку понапреден, сепак започнуваме од нула, така да и доколку немате никакво претходно искуство, ќе може да го совладате.
- Твоја препорака до сите идни учесници?
Salesforce курсот на SMX е ексклузивна можност да се научи оваа популарна платформа во Македонија и што побрзо скокнеме на оваа можност, тоа побрзо ќе се најдеме на брзата лента кон успешна Salesforce кариера.
Уписите за курсот се во тек, зачувај си место тука.