Одговори од експерт: Што навистина прави еден Virtual Assistant?
- август 21, 2025
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Дигитални вештини Инструктори

Во последните неколку години, професијата Virtual Assistant доживеа голем раст. Сè повеќе компании бараат поддршка оддалеку – организирана, проактивна и дигитално писмена личност што ќе им го олесни секојдневието. Но што навистина значи да се биде VA? Кои задачи се вклучени, кои алатки се користат и дали може да се започне дури и без искуство?
За да добиеме попрактична перспектива, поразговаравме со менторот на курсот, кој веќе со години работи со VA професионалци и компании од САД, Велика Британија и Австралија. Билјана Димитриевска, експерт за далечинско вработување, дава искрени и реални одговори што ќе ви помогнат ако размислувате да го направите првиот чекор.
-
Кои се реалните задачи што еден Virtual Assistant ги извршува во секојдневната работа?
Virtual Assistant секојдневно извршува задачи како организација на календар, е-маил менаџмент, подготовка на документи и презентации, водење комуникација со клиенти, истражување на пазар, внес на податоци, креирање содржини за социјални медиуми и поддршка во администрирање на бизнис процеси. Задачите секогаш зависат од индустријата и потребите на клиентот, но суштината е иста – VA е „десната рака“ на компанијата или поединецот. Дополнително, Virtual Assistant може да се специјализира во одредена ниша, на пример (а ние во курсот ќе ги обработиме сите ниши на ВА- во која тие сакаат да работат):
◾ Social Media Management VA – управува со профили, креира содржини и следи резултати на социјални медиуми.
◾ E-commerce VA – помага во управување со онлајн продавници, внес на производи, обработка на нарачки и корисничка поддршка.
◾ Administrative VA – фокусира се на календар, документи, е-маил менаџмент и внатрешна комуникација. -
Кои дигитални алатки ќе ги совладаат учесниците и како тие ќе им помогнат во првите работни задачи?
Учесниците ќе се запознаат со најчесто користените дигитални алатки кои се основа на работата на еден Virtual Assistant – алатки за комуникација, емаил организација и дигитална продуктивност, управување со време и задачи, automation и AI основни алатки за VA, како и системи и софтвери за административна поддршка и креативна работа. Целта не е детално совладување на сите алатки, туку:
◾ да знаат кои се најбараните во индустријата,
◾ за што точно се користат и како да ги применат во првите работни задачи,
◾ и каде можат дополнително да ги научат и практикуваат. -
Какви типови компании и индустрии најчесто вработуваат Virtual Assistants?
Сите компании или претприемачи кои можат и имаат задачи кои би се извршувале дигитално и без присуство. А најчесто тоа се компании во е-трговија, дигитален маркетинг, ИТ индустрија, стартапи, консултантски агенции, како и индивидуални претприемачи (коучеви, консултанти, креатори на содржини), докторски канцеларии, шефови на кујна и угостителство, медицински центри и адвокатски компании. Со растот на remote културата, побарувачката за VAs постојано расте во различни индустрии.
-
Кои се најчестите заблуди за оваа професија што ќе ги разбиете преку обуката?
Virtual Assistant е „обична секретарска работа“ и дека е само за ассистенти и административци – вистината е дека ова е динамична и стратешка професија која оди со многу ниши и индустрии.
,,Мора’’ да се работи за локални компании со ниски плати- ние ќе покажеме како да се работи со интернационални клиенти од САД, Канада, Австралија и повеќе – и како успешно го прават Американските ВА локално а како Филипинците глобално.
Дека мораш да имаш долгогодишно искуство и да знаеш ,,СЕ’’ за да почнеш – всушност со правилен пристап, јасна стратегија и добра дигитална визибилност можеш брзо да најдеш клиенти.
Балканските ВА ‘’не’’ можат да бидат конкуренција на Филипинците – во никој случај не е точно. Балканците имаат работна култура, знаат јазици, се отворени за различни култури, имаат добра интуитивна и стратешка свесност. И најважно, ги имаат сите ресурси за да би можеле да работат дигитално. -
Што би им порачале на луѓето кои сакаат да почнат работа од дома, но не знаат од каде?
Започнете, дури и ако мислите дека не знаете доволно. Почетокот и љубопитноста се пријателите на успехот- отварате врати на можности. А да и тоа како е можно- доказ за оа тоа се бројките на ВА низ светот!
Сите имаме преносливи вештини кои можат да се применат како VA – од организација, пишување, комуникација, до работа со алатки- дури и нешто што сте завришиле во средно или факултет- се може да се преточи во ВА. Овој курс е креиран токму за да ви покаже јасен чекор по чекор пат- од позиционирање, реал тиме вежби, до наоѓање и задржување на првиот клиент. -
Што конкретно може да очекуваат учесниците по завршувањето на курсот?
По завршувањето на курсот ќе имаат:
◾ Професионално ВА портфолио, дури и тие со 0% искуство
◾ Дефинирана ВА ниша посебно според секој учесник , понуда, цена, професионална дигитална видливост и брендинг
◾ Знаење како да привлечат, најдат и да разговараат со клиенти, компании
◾ Запознаеност со најчесто користени ВА алатки и јасна насока како и каде да ги вежбаат за продуктивност и ефикасност
◾ Јасна soft-selling стратегија и 6-месечен план како да ја скалираат својата VA кариера како сопствен бизнис.Со други зборови, нема само да научат „што е VA“, туку ќе излезат со целосна подготвеност да почнат да работат и заработуваат како Virtual Assistants, со странски компании и клиенти. Заедно и преку домашни задачи кои ќе бидат прегледани ќе го извежбаме секој ваш ВА чекор за работа од дома.
Овие одговори не се само корисни информации, туку вистински увид во тоа како изгледа работата на еден Virtual Assistant денес. Професијата е реална, флексибилна и сè попопуларна, а со добра насока и поддршка, дури и почетник може брзо да го најде својот прв клиент.
Обуката е креирана токму со таа цел: да не останеш само на теорија, туку да знаеш каде, како и со што да започнеш. Затоа го вклучивме и овој Q&A со Билјана, инструкторка со 10+ години искуство во работа со VA професионалци и компании од САД, Велика Британија и Австралија.
📍 Курсот за Виртуелни Асистенти започнува на 10-ти септември
✨ Приклучи се и направи го првиот чекор: https://smx.mk/live/kurs-za-virtual-assistant/