Блог
Студираше економија? Што треба да знаеш пред да влезеш во US trucking accounting
- октомври 23, 2026
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: US Accounting

Завршуваш или веќе ја заврши економија, а сега прашањето е во која насока да одиш. Сметководството е една од природните опции, но и тука има многу правци. Еден од нив е US trucking accounting: сметководството на американски транспортни компании. Еве што треба да знаеш пред да одлучиш дали е за тебе.
Што веќе знаеш од факултетот
Повеќе отколку што мислиш. Дебит и кредит, начелото на настанување (accrual), побарувања и обврски, главна книга, биланси. Ова е основата на која се гради trucking сметководството. Во американската терминологија тоа се:
- AP (accounts payable): компанијата должи на добавувач, превозник или друг продавач;
- AR (accounts receivable): клиент или брокер ѝ должи на компанијата за услуга;
- GL (general ledger): главната книга, централниот запис што ги собира и класифицира сите финансиски промени.
Затоа твоето економско образование е добра основа за оваа специјализација. Не почнуваш од нула.
Што ќе ти биде ново
Индустријата
Како американска trucking компанија заработува, кои се страните во еден превоз (shipper, broker, carrier, owner-operator) и како оди еден товар од прифаќање до наплата. Ова не мора да го знаеш однапред. Подетално во текстот што е US trucking accounting.
Документите
Rate confirmation, BOL, POD, фактури за превоз, settlement statements. Ги нема во ниту еден учебник по сметководство кај нас, а без нив не се книжи ништо.
Системите
QuickBooks Online, TMS (системот во кој се водат товарите) и Excel.
Англискиот
Документите, термините и софтверот се на англиски. Не мора да зборуваш совршено, но треба удобно да читаш стручен текст. Ако некогаш дојде до разговор со американска компанија, и тој е на англиски.
Што не ти треба
Искуство во транспорт не ти треба, индустријата се учи од почеток. Работно искуство во сметководство исто така не е услов, основите од факултетот се доволни. Програмата сепак не е за некој што никогаш не учел сметководство. Американските даноци не ти требаат воопшто: тоа е посебна област и не е дел од програмата.
Како изгледа учењето
Програмата US Accounting за trucking компании во SMX има 24 лекции од по два часа, во текот на три месеци, и уште еден месец за проект. Учењето оди во пет чекори: го разбираш бизнисот и документите, вежбаш фактури, сметки од добавувачи, settlements и факторинг, усогласуваш трансакции со банка, AP, AR и главна книга, помагаш во месечното затворање и извештаите, и на крај сè применуваш во една интегрирана студија на случај.
Секоја лекција има ист ритам: 20 минути концепти, 25 минути демонстрација од инструкторот, 55 минути практична вежба, 15 минути преглед и исправка на грешки и 5 минути проверка на знаењето. Најдолгиот дел од лекцијата е практиката, со фиктивни товари и документи. За пример, погледни ја вежбата со еден товар од првата лекција.
Што добиваш на крајот
Финалниот проект од четвртиот месец е твоето портфолио: реалистичен случај што поминува низ проверка на товари, фактурирање, settlements, усогласување и извештај. Тоа е нешто конкретно што можеш да го покажеш, покрај дипломата.
SMX соработува со американска сметководствена компанија специјализирана за trucking клиенти. Компанијата добива информации за напредокот на групата. По програмата и проектот, со твоја согласност, ѝ ги испраќаме твоето CV и портфолио, а таа одлучува дали ќе те покани на разговор. Тоа е шанса за интервју, без гаранција за работа.
Да бидеме искрени и за ова: програмата те подготвува за почетни одговорности во trucking сметководството. Самостојната работа потоа зависи од праксата, од системите на компанијата и од надзорот што ќе го имаш на почеток.
Подготви се за US Accounting
Ако сакаш конкретна насока во која ќе го искористиш она што го студираше, погледни ја програмата на us-accounting.smx.mk. При пријавата те прашуваме и за нивото на англиски.