Како да креираш Бизнис страна на Linkedin (Business LinkedIn Page)
- јули 24, 2024
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Digital Marketing LinkedIn
Бараш едноставен начин како да креираш LinkedIn страна за твојот бизнис, или бизност за кој што работиш?
Со најновите ажурирања на LinkedIn во 2024 година, важно е да ја оптимизирате Бизнис страната на LinkedIn за да привлечете потенцијални клиенти, партнери и вработени.
Креиравме комплетен ВОДИЧ преку кој ќе можеш на многу лесен начин да креираш LinkedIn Бизнис страна.
1. Како да креираш Бизнис страна на LinkedIn
- Најави се на твојот LinkedIn профил
- Кликни на иконата „Work“ во горниот десен агол и избери „Create a Company Page“
Избери го соодветниот тип на бизнис страница (Мал Бизнис, Среден до Голем Бизнис, Showcase Page, или Образовна Институција)
2. Информации за твојот бизнис профил
- Лого и насловна слика на компанијата: Користи висококвалитетно лого и привлечна насловна слика која го рефлектира идентитетот на твојот бренд
- Tagline: Изработи краток и впечатлив таглајн кој ја сумира твојата бизнис активност
- Overview: Напиши детален опис на компанијата, вклучувајќи ја твојата мисија, визија и што го прави твојот бизнис уникатен. Внеси релевантни клучни зборови за SEO
- URL на веб-страница: Обезбеди линк до веб-страницата на твојата компанија
- Локација: Додади ги локациите на твојот бизнис, ако е применливо
- Контакт детали: Внеси ги контакт информациите на бизнисот како е-пошта, телефонски број и други важни информации
3. Каква содржина треба да објавуваш на твојата Бизнис страна на LinkedIn?
Содржината што ја објавуваш на твојата LinkedIn бизнис страница треба да биде стратешка, релевантна и вредна за твојата публика. Еве неколку идеи за типови на содржина кои можеш да ги објавуваш за да ја зголемиш ангажираноста и видливоста на твојот бизнис:
- Индустриски Вести и Трендови
Информирај ја твојата публика за најновите вести и трендови во твојата индустрија. Споделувањето на вакви содржини ќе те позиционира како лидер во твоето поле и ќе им помогне на твоите следбеници да останат информирани.
- Новости за компанијата
Објавувај редовни новости за твојата компанија, како што се нови производи или услуги, проширување на тимот, постигнати цели и значајни настани. Ова ќе помогне да ја задржиш твојата публика да прави интеракција со содржината и информирана за развојот на твојот бизнис.
- Објави од тимот на твојата компанија
Споделувај написи или видеа во кои твоите лидери ја делат својата експертиза и мислења за важни теми во индустријата. Ова ќе ти помогне да ја зголемиш довербата и кредибилитетот на твојот бренд.
- Студии на Случаи и Успешни Приказни
Претстави ги успешните приказни и студиите на случај кои ги покажуваат резултатите од твојата работа. Ова ќе им овозможи на потенцијалните клиенти да видат како твоите производи или услуги можат да им помогнат.
- Објави за Културата и Тимот
Споделувај содржини кои ја покажуваат културата на твојата компанија и ја истакнуваат твојата тимска работа. Вработените кои споделуваат свои искуства можат да привлечат потенцијални таленти и да го зајакнат брендот на твојата компанија.
- Едукативни Материјали и Совети
Понуди корисни совети, водичи и едукативни материјали кои можат да им помогнат на твоите следбеници да научат нешто ново или да ги подобрат своите вештини. Оваа содржина може да вклучува блог постови, инфографици, видеа и e-книги.
- Вебинари и Онлајн Настани
Организирај и промовирај вебинари или онлајн настани каде што можеш да ја делиш твојата експертиза и да одговараш на прашања од твојата публика. Ова ќе помогне да ја задржиш ангажираноста и да создадеш интеракција со твоите следбеници.
- Искуства на клиенти
Споделувај препораки и прегледи од задоволни клиенти. Оваа социјална потврда може значително да ја зголеми довербата на потенцијалните клиенти во твоите производи или услуги.
- Анкети и Прашања
Создавај анкети и поставувај прашања за да ја поттикнеш интеракцијата со твојата публика. Ова ќе ти помогне да собереш повратни информации и да го разбереш мислењето на твоите следбеници за различни теми.
- ПР соопштенија и Медија Покриеност
Споделувај ПР соопштенија и статии каде што твојата компанија е спомената во медиумите. Ова ќе помогне да ја зголемиш видливоста и кредибилитетот на твојот бренд.
Наскоро за сите оние кои имаат потреба од едукација со платформата LinkedIn – односно работат со Маркетинг на LinkedIn, курс за LinkedIn Маркетинг во SMX. Повеќе информации тука: https://smx.mk/live/