Кариерен пат на еден Salesforce CRM Administrator (една од најплатените професии во 2024)
- март 27, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Bootcamps Salesforce
Salesforce преставува Customer Relationship Manager алатка која им помага на бизнисите да ги следат интеракциите со клиентите и податоците за продажбата.
Покрај ова, Salesforce нуди неколку функции за да им помогне на бизнисите да ги автоматизираат нивните процеси на продажба и маркетинг, како што се маркетинг преку е-пошта, lead capture & lead scoring
Зошто некој треба да биде заинтересиран за познавање на Salesforce и работа во алатката?
Речиси секоја компанија денес употребува CRM систем со помош на кој ќе ги менаџира податоците од клиентите.
Salesforce е една од најпопуларните CRM алатки во моментов поради бројните бенефити кои ги нуди
Во просек, компаниите кои ја користат Salesforce за CRM забележале 38% побрзо донесување одлуки, 25% зголемување на приходите и 35% зголемување/подобрување на задоволството кај клиентите.
Ако сакаш да работиш со менаџирање на клиентите во една компанија, или пак да вршиш анализи кои подоцна ќе помогнат за носење подобри одлуки за успехот на компанијата, или веќе работиш со некоја CRM алатка (вклучувајќи ја и Salesforce), кариера како Salesforce Administrator ИЛИ знаењето кое еден Salesforce Administrator го поседува, може да ти помогне во стекнување на работна позиција која ќе биде добро платена или унапредување на веќе постоечката.
Ако се одлучиш за кариера како Salesforce Administrator можностите се следниве:
- Beginner Salesforce Administrator
- Senior Salesforce Administrator
- Salesforce Developer
- Salesforce Consultant
- Marketing Cloud Consultants
Или по неколку години работа, можеш да станеш успешен Salesforce тренер по примерот на Мишел (инструктор на обуките за Salesforce Administrator во SMX)
Уписите за овој буткамп се во тек – Плати ја првата рата до 15ти Април и добиј 20% ПОПУСТ!