• Пон - Пет 9:00 - 17:00
  • Тоше Проевски 8, 2400 Струмица, Македонија
  • +389 77 648 049
SMX
0
0 курсеви 0,00ден
  • Data Analysis
  • Академии
    • Академија за веб програмирање
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за Salesforce Administrator
    • Академија за програмирање со Python & Django
    • Академија за програмирање со .NET
  • Bootcamps
    • Content Marketing Bootcamp
    • HR & IT Recruitment Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Вебинар за развивање веб апликации со Python
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack WordPress Development
    • Вебинар за Salesforce и Salesforce Admin
    • Вебинар за Fullstack Web Development
  • Блог
  • Регистрирај се
0
0 курсеви 0,00ден
Најава
  • Data Analysis
  • Академии
    • Академија за веб програмирање
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за Salesforce Administrator
    • Академија за програмирање со Python & Django
    • Академија за програмирање со .NET
  • Bootcamps
    • Content Marketing Bootcamp
    • HR & IT Recruitment Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Вебинар за развивање веб апликации со Python
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack WordPress Development
    • Вебинар за Salesforce и Salesforce Admin
    • Вебинар за Fullstack Web Development
  • Блог

Најчесто поставувани прашања – (Летен курс) Бренд идентитет на социјалните мрежи со Елена Цветковска

  • јуни 6, 2023
  • Објавено од: Hristina Kolova
  • Категорија: Инструктор
Нема коментари

1. Кое е твоето практично искуство со Бренд идентитет на социјалните мрежи?

Зад себе имам неколкугодишно практично искуство со креирање и дистрибуирање содржина за веб-сајтови и социјални мрежи, преку различни видови ПР и Маркетинг кампањи. При креирањето на таквата содржина, секогаш настојувам да биде претставен, задржан и подобрен идентитетот на брендот – и во пишана и во визуелна форма – а истовремено да ги инкорпорирам и актуелните трендови од социјалните мрежи.

2. Што ќе се учи за време на курсот?

За време на курсот ќе се учат видовите идентитет на еден бренд, основите на креирање на идентитетот – визуелен и вербален, процесот на креирање на идентитетот на еден бренд во дигиталниот свет со фокус на социјалните мрежи, а ќе се учи и адаптирањето на новите трендови на социјалните мрежи и комуникациски канали во комуникациските стратегии.

3. Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?

Од лично искуство, сметам дека најдобро се учи преку практични примери и самостојна работа. За време на курсот студентите ќе имаат можност да го совладаат материјалот токму на овој начин – преку практични примери и самостојна работа (куси задачи), кои потоа заедно ќе ги дискутираме и ќе одредиме што е она што може да се подобри и на кој начин може да се подобри.

4. Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за Бренд идентитет на социјалните мрежи во SMX?

Бренд идентитетот е фундаментална компонента во дигиталниот свет, а неговото задржување при наливот на трендови на социјалните мрежи е вистински предизвик. Без разлика дали ја започнувате вашата кариера, или сакате да ги надградите вашите вештини и знаења – курсот за Бренд идентитет на социјалните мрежи ќе ви овозможи да ги совладате следните нешта:

– јасно дефинирање на идентитетот на еден бренд;
– градење и одржување на идентитетот на еден бренд;
– адаптација на различните комуникациски канали и новите трендови во комуникациската стратегија на еден бренд.

5. За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?

Овој курс е наменет за сите оние кои навлегуваат во дигиталниот свет и се на почетокот на нивната кариера во дигиталниот маркетинг. Она што би го издвоила за овој курс е тоа што ги опфаќа сите потребни аспекти за градењето и позиционирањето на еден бренд на дигиталниот свет.

6. Твоја препорака до сите идни учесници?

Нека не ве плаши брзата промена на трендовите на социјалните мрежи. Бидете отворени и креирајте го својот „out of the box“ mindset. 

Уписите за курсот за бренд идентитет на социјалните мрежи се во тек! Аплицирај тука.

За Нас

Локалис Трејд ДООЕЛ
ул. Младинска 230, 2400 Струмица
ДБ: 4027015522348 ЕМБС: 7031351
Жиро сметка: 210070313510133

Линкови

  • Политика за приватност
  • Политика на враќање на средства

Поддржано од

© SMX 2022
Пребарување
Cleantalk Pixel