Пребарување
  • Пон - Пет 9:00 - 17:00
  • Тоше Проевски 8, 2400 Струмица, Македонија
  • +389 77 648 049
SMX
0
0 курсеви 0,00ден
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за програмирање со .NET
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Social Media Marketing Bootcamp
    • SEO Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
    • Salesforce Administrator Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог
  • Регистрирај се
0
0 курсеви 0,00ден
Најава
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за програмирање со .NET
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Social Media Marketing Bootcamp
    • SEO Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
    • Salesforce Administrator Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог

Q&A Разговор со Џина Шеровска – инструкторка на обуката за јавно говорење

  • декември 26, 2022
  • Објавено од: Hristina Kolova
  • Категорија: Инструктори
Нема коментари

Зошто обука за Јавно говорење во SMX? 

Како едукативен центар во Македонија, секогаш се стремиме да ги следиме вашите барања за да ви овозможиме курсеви/академии каде ќе можете да ја добиете потребната едукација за напредување во кариерата. За да се организира било каков вид едукација, најважно е да се пронајде личност која соодветно умее да ви го пренесе своето досегашно искуство…

Токму таква личност е Џина Шеровска со која до сега успешно организиравме курс за стекнување на PR вештини во неколку термини, а пак сега дојдовме на идеја нејзините умешности и талент за говорење во јавност да ги сподели се секој кој што сака и оваа вештина да ја усоврши, што е впрочем можеби и една од фундаменталните.

1. Јавното Говорење се смета за една од најважните вештини во секоја индустрија. Според тебе, зошто е толку значајно да се усоврши јавното говорење?

Сите ние се соочуваме со ситуации кога вештините за јавно говорење се од суштинско значење, без разлика дали тоа е во нашиот личен или професионален живот. Не е ни чудно зошто уметноста на јавно говорење е толку важна. Способноста да ги пренесете вашите мисли самоуверено и ефективно може да има огромно влијание врз нашата кариера, а и севкупниот успех. Според мене токму јавното говорење, може да ни помогне да ја пренесеме нашата порака до публиката и создадеме траен впечаток. Обично, колку сме посигурни и пострасни во зборувањето, толку подалеку истото и ќе не однесе. Ова е причината зошто совладувањето на комуникациските вештини е најважно за секој оној кој сака да остави свој белег во светот.

2. Кои се погрешните претпоставки кои луѓето ги имаат кога станува збор за јавно говорење?

Една од најпогрешните претпоставки што до ден денес е активна е дека едноставно човек мора да биде роден со таа ѕвезда, односно со таа вештина. Тоа е исто како да кажете „Ако не сте родени со знаење да возите велосипед, не треба да го трошите вашето време, бидејќи никогаш нема ни да научите“. Јавното говорење е исто како и секоја друга вештина што може да се научи преку континуирано вежбање. Да, има некои луѓе кои ќе откријат дека имаат природна способност за тоа, но многу големи оратори биле ужасни јавни говорници кога првпат започнаа. Никој не е роден знаејќи како да одржи говор или деловна презентација. Нај „надарените“ говорници ја развиваат својата вештина преку долгогодишно вежбање. Тоа е единствениот начин да се направи јавното говорење да се чувствува природно како да речеме станувањето во вторник и пиењето кафе.

3.Како една личност може да се справи со стравот од јавно говорење?

 Глософобијата или стравот од јавно говорење е многу честа фобија која погодува голем дел од населението. Во разговори со луѓе кои ја имаат оваа фобија сум сфатила дека тие често се загрижени како тоа би изгледало, дел од нив се срамат, имаат страв да не прават грешки или да бидат осудени негативно од било каков аспект. Меѓутоа она што е најважно е дека тој страв може да се надмине, колку порано се започене со развивање вештини за јавно говорење толку повеќе ќе се стекне и самодоверба. За успешно да се победи стравот од јавно говорење, постојат многу различни пристапи за подобрување и зголемување на компетентност. Со соодветна обука и пракса, секој може да стане одличен јавен говорник и да ја импресионира секоја публика, а стравот да биде минато.

4. Во обуката за јавно говорење опфаќаме дел за идентификување на публиката за подобро подготвување на говорот. Колку може да влијае публиката врз квалитетот на говорот?

Публиката е составен дел од успехот на која било форма на комуникација. Енергијата и емоциите што ги носат со себе ќе влијаат на атмосферата и ќе помогнат да се направи комуникацијата поефикасна и попривлечна. Како говорник, важно е внимателно да ја планирате вашата презентација и да ја прилагодите на интересите, вредностите и разбирањето на публиката за да обезбедите успешен исход. Исто така, важно е да ја запознаете публиката со цел да ја персонализирате вашата порака и да создадете силна врска со неа. На овој начин како јавни говорниици можете да создадете импакт и да оставите траен впечаток. Додека пак, праксата ќе ви помогне понатаму успешно да се позиционирате пред било која публика.

5. За кого може да биде корисна оваа обука?

 Исто како и PR,  индустријата на јавно говорење има да понуди широк спектар на можности, така што оваа обука би препорачала на секој еден професионалец во својата област во која сака да напредува, на секоја индивидуа која смета дека јавното говорење е предизвик во неговиот/нејзиниот живот, особено на сите маркетери и експерти во областа на односите со јавноста, а се разбира и на едукатори во владин и невладен сектор. 

6. Што би им препорачала на заинтересираните и идни учесници на обуката за јавно говорење?

Би им препорачала да ни се придружат на нашата обука и на неверојатната заедница на човечки суштества кои сакаат да создадат позитивни промени. Заедно сме посилни и сите носиме нешто уникатно во индустријата за јавно говорење. Работете на вашите вештини секој ден, не се споредувајте со другите, учете од неуспехот, верувајте му на процесот, аплицирајте на нашата обука за јавно говорење и забавувајте се. Се гледаме на 15и Февруари!

За Нас

Локалис Трејд ДООЕЛ
ул. Младинска 230, 2400 Струмица
ДБ: 4027015522348 ЕМБС: 7031351
Жиро сметка: 210070313510133

Линкови

  • Контакт
  • Политика за приватност
  • Политика на враќање на средства
  • Стани инструктор

SMX е официјално CPD акредитиран едукативен центар

Image 1
Image 2

Поддржано од

Image 3
© SMX 2024
Sign In
The password must have a minimum of 8 characters of numbers and letters, contain at least 1 capital letter
Запомни ме
Sign In Регистрирај се
Restore password
Send reset link
Password reset link sent to your email Close
Confirmation link sent Please follow the instructions sent to your email address Close
Your application is sent We'll send you an email as soon as your application is approved. Go to Profile
No account? Регистрирај се Sign In
Lost Password?