Q&A со Мишел Наумоски, инструктор на Salesforce Administrator Bootcamp
- април 25, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Bootcamps Salesforce
Денес разговараме со Мишел Наумоски, сертифициран Salseforce Admin кој повеќе од 4 години работи со алатката Salesforce, и токму поради тоа е и инструктор SMX каде веќе несебично го сподели своето знаење со повеќе групи на студенти преку Академијата за Salesforce И краткиот курс, a овој Април и ментор на Salesforce Administrator Bootcamp.
1. Зошто Salesforce е број 1 CRM алатка во денешно време?
Salesforce е најсеопфатен CRM систем во моментот, тоа е веројатно една од причините поради кои во последните неколку години доминира на пазарот. Иновативни се, постојано воведуваат новини кои што ја олеснуваат работата на администраторите, девелоперите, и особено на крајните корисници. За мене, овој модел кој го имаат на правење квартален release со еден тон новини и подобрувања е патека која и другите платформи треба да ја следат.
2. Кое е твоето практично искуство со Salesforce?
Јас започнав да го користам Salesforce како end-user, така да од прва рака ги разбирам предизвиците на крајните корисници во секојдневната употреба на Salesforce. Околу 4 години поминав работејќи и истражувајќи ги способностите на Salesforce од фронт енд, особено делот на аналитика и некако природно ми се случи транзицијата во Salesforce Administrator. Затоа што се што јас лично го наоѓав како потешкотија во користењето на алатката, сега ја имам моќта самиот да го подобрам и моите end-users да бидат среќни.
3. Зошто секој кој сака да работи или веќе работи со Customer Relationship Management треба да ја знае алатката Salesforce?
Затоа што Salesforce ви дава можност за најсеопфатно разбирање на навиките и однесувањето на вашите клиенти. Преку користење на AI, преку собирање на голем волумен на податоци, едноставно ви ја дава целосната слика за вашите клиенти, и потоа, вие како компанија или вработени во компанија може да носите информирани одлуки.
4. Што ќе се учи на овој 3-месечен буткамп? Што можат студентите да очекуваат?
Студентите може да очекуваат заедно да ги поставиме темелите на нивното познавање на оваа моќна платформа. Ќе учиме се од безбедносни елементи, заштита на податоци, дата менаџмент, процеси за автоматизација, аналитика или во превод, како да станат Master Salesforce Admin.
5. Дали за време на буткампот студентите ќе имаат можност да работат директно во алатката Salesforce?
Дефинитивно да. SMX академијата ќе креира бесплатни профили на платформата за сите учесници каде учесниците ќе може не само преку реални кликови да ја следат наставата заедно со мене, туку и во слободно време да експериментираат и да го истражуваат Salesforce.
6. За кого е наменет овој буткамп и зошто некој треба да биде дел од истата?
Овој буткамп е наменет за сите оние кои сакаат да се запознаат со најмоќната CRM платформа во светот. Од професионалци кои веќе биле во допир со Salesforce, до учесници кои никогаш претходно не разбрале за истата. На овој буткамп ќе направиме заеднички чекор кон подобро разбирање на Salesforce како алатка и ќе креираме нови професионалци со реални можности за кариерен напредок.
Уписите за овој буткамп се во тек – Плати ја првата рата до 15ти Април и добиј 20% ПОПУСТ!