Q&A со Мишел Наумоски, инструктор на Академијата за Salesforce Administrator
- април 25, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Академии

Работиш во Salesforce или друга CRM алатка?
Денес разговараме со Мишел Наумоски кој повеќе од 4 години работи со алатката Salesforce како Salesforce admin и токму поради тоа е и инструктор на Академијата за Salesforce Administrator во SMX каде веќе несебично го сподели своето знаење со една група на ентузијасти, а уписите за новата група се во тек…
1. Зошто Salesforce е број 1 CRM алатка во денешно време?
Salesforce е најсеопфатен CRM систем во моментот, тоа е веројатно една од причините поради кои во последните неколку години доминира на пазарот. Иновативни се, постојано воведуваат новини кои што ја олеснуваат работата на администраторите, девелоперите, и особено на крајните корисници. За мене, овој модел кој го имаат на правење квартален release со еден тон новини и подобрувања е патека која и другите платформи треба да ја следат.
2. Кое е твоето практично искуство со Salesforce?
Јас започнав да го користам Salesforce како end-user, така да од прва рака ги разбирам предизвиците на крајните корисници во секојдневната употреба на Salesforce. Околу 4 години поминав работејќи и истражувајќи ги способностите на Salesforce од фронт енд, особено делот на аналитика и некако природно ми се случи транзицијата во Salesforce Administrator. Затоа што се што јас лично го наоѓав како потешкотија во користењето на алатката, сега ја имам моќта самиот да го подобрам и моите end-users да бидат среќни.
3. Зошто секој кој сака да работи или веќе работи со Customer Relationship Management треба да ја знае алатката Salesforce?
Затоа што Salesforce ви дава можност за најсеопфатно разбирање на навиките и однесувањето на вашите клиенти. Преку користење на AI, преку собирање на голем волумен на податоци, едноставно ви ја дава целосната слика за вашите клиенти, и потоа, вие како компанија или вработени во компанија може да носите информирани одлуки.
4. Што ќе се учи на Академијата? Што можат студентите да очекуваат?
Студентите може да очекуваат заедно да ги поставиме темелите на нивното познавање на оваа моќна платформа. Ќе учиме се од безбедносни елементи, заштита на податоци, дата менаџмент, процеси за автоматизација, аналитика или во превод, како да станат Master Salesforce Admin.
5. Како ќе се одвива наставата и колку време ќе трае?
Наставата се одвива преку Zoom, онлајн и интерактивно, но ова воедно значи и дека предавањата се снимаат така да доколку учесниците сакаат да посветат дополнително време на оваа академија, може во секој момент да ги погледнат видеата од часовите во време кое нив им одговара. Инаку академијата трае 3 месеци.
6. Дали за време на Академијата студентите ќе имаат можност да работат директно во алатката Salesforce, и на реални проекти?
Дефинитивно да. SMX академијата ќе креира бесплатни профили на платформата за сите учесници каде учесниците ќе може не само преку реални кликови да ја следат наставата заедно со мене, туку и во слободно време да експериментираат и да го истражуваат Salesforce.
7. За кого е наменета оваа Академија и зошто некој треба да биде дел од истата?
Оваа академија е наменета за сите оние кои сакаат да се запознаат со најмоќната CRM платформа во светот. Од професионалци кои веќе биле во допир со Salesforce, до учесници кои никогаш претходно не разбрале за истата. На оваа академија ќе направиме заеднички чекор кон подобро разбирање на Salesforce како алатка и ќе креираме нови професионалци со реални можности за кариерен напредок.
Запиши Академија за Salesforce Administrator во SMX и унапреди го своето знаење со една од најупотребуваните CRM алатки во 2023 година! Искористи 25% попуст тука.