Student Experience – Илина Бошкова – Учесник на Data Analysis Academy
- мај 30, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Data Analysis Student Experience

Кога бизнисите растат, расте и потребата за подобро толкување на податоците. Многу претприемачи и професионалци почнуваат да сфаќаат дека интуицијата не е доволна – потребни се вештини. Академијата за Data Analysis со Python, SQL и Power BI е токму таков чекор.
За Илина, тоа беше начин да се доближи до аналитиката од аспект на нејзиниот бизнис.
- Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во Data Analysis?
Здраво! Како сопственик на приватен бизнис, секојдневно користев Excel, но од другите програми немав познавање.
- Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во Data Analysis?
Сакав подобро да ги разбирам и анализирам податоците што секојдневно ги користам во работењето – за да носам посигурни и информирани одлуки. Верувам дека проширувањето на знаењата е клучно за да се биде во чекор со времето и да се стекне предност во бизнисот.
- Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав од сестра ми, која веќе има посетувано курс. Потоа дополнително ја истражував Академијата за Data Analysis која ми остави силен впечаток, ми изгледаше предизвикувачка и сеопфатна.
- Од обработените модули, Excel, SQL, Power BI, Python и Data Analysis Python, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Од обработените модули, најинтересен ми беше Power BI, бидејќи ги обработува и прикажува податоците како што ми се потребни.
- Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
Најголем предизвик на Академијата беше Python, бидејќи беше сосема ново за мене и малку поразлично од другите модули. Сепак, по секоја решена успешна задача, задоволството беше поголемо.
- Како би го опишала твоето искуство на Академијата?
Академијата е одлична, професорите професорите беа пријателски настроени и секогаш подготвени да помогнат. Доволно јасно и прецизно ги објаснуваа работите, а со домашните задачи можевме конкретно да работиме на проблеми, а со тоа и да добиеме практично знаење.
- Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Во моментов знаењето го применувам во својата фирма, но не ја исклучувам можноста и за freelance.
- Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Доколку ве интересира анализа и класифицирање на податоци со кои би можеле да предвидувате понатамошни чекори во работењето – оваа Академија е одлична за вас! Не одложувајте и прифатете го предизвикот. Стекнатото знаење ќе ви даде предност во вашата понатамошна кариера.
Искуството што го добиваш преку Академијата за Data Analysis не е теоретско – тоа е применливо, практично и директно корисно. Без разлика дали си претприемач, професионалец во транзиција или некој што сака да додаде вредност на својот профил – ова е солиден чекор напред. Со вистинска насока, поддршка и добро структуирана програма, секој може да го совлада и да го примени знаењето во пракса.
🎓 Академијата е сега и официјално акредитирана.
📌 Искористи ја предноста на раната пријава и пријави се со попуст.
👉 https://smx.mk/live/akademija-data-analysis/