Блог
HTML&CSS – ЗОШТО СЕ ВАЖНИ ПРИ КРЕИРАЊЕ ВЕБ СТРАНИ
- октомври 8, 2021
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Full-Stack Програмирање
Без разлика дали сте заинтересирани да станете професионален веб – девелопер или едноставно сакате да дознаете повеќе за тоа како функционираат веб -страниците, првото нешто што треба да го проучите е HTML, а потоа и CSS.
Кратко објаснување за HTML
Кратенката HTML значи HyperText Markup Language. Најдобар начин да се објасни HTML е да се испитаат значењата на секој од зборовите. HyperText се претставува како ефективно текст во текст, тој се однесува на текст што содржи линкови до други текстови. Секојпат кога ќе кликнете на означена или подвлечена врска што ве носи на друга страница, користите hypertext. а пак Мarkup Language е јазик кој е разбирлив од страна на компјутерите, дизајниран во суштина да ја опишува структурата на веб – страницата и да го направи текстот што се користи поинтерактивен. Toj се однесува на специјалните симболи или кодови што се вметнуваат во документ за да му кажат на веб – прелистувачот како да ги прикаже податоците.
На пример, кодот за обележување може да му каже на прелистувачот да прикаже кои делови од документот се наслови, а кои параграфи.
За што се користи HTML?
HTML се користи за креирање на примарна содржина на веб – страница, давајќи и структура. Започнувате со пишување зборови, потоа применувате ознаки или елементи на овие зборови. Веб -прелистувачот го чита ова и може да го разбере насловот на страницата, сите ставови и каде започнува и завршува страницата, со што се полни вашата веб -страница со содржина. Постојат три компоненти на HTML кодот: ознаки, елементи и атрибути. Ознаките се користат за одвојување HTML – код од обичен текст. Елементите пак се користат како ознака за отворање, ознака за затворање и ја претставува целата содржина што е вклучена помеѓу двете ознаки и атрибутите се користат за дефинирање дополнителни информации за елементот.
Зошто да научите HTML?
Денес со развојот на креаторите на веб -страници како што се на пример Wix, Shopify, SiteBuilder и други направија изградбата на веб -страници да биде брзо и лесно. Со едноставен интерфејс и разновидни шаблони, секој може да изгради веб -страница што е функционална и стилска.
Но, што доколку не сакате да имате веб – страница што изгледа исто како и сите други? Што ако сакате да направите промени на вашата веб страница кои не се достапни со помош на градителот ?
– Тогаш со основно познавање на HTML како и малку познавања од CSS, можете да изградите навистина уникатна веб -страница што можете сами да ја уредувате и ажурирате.
Учењето на HTML исто така се смета за прв чекор за напредување во посложени и барани програмски јазици. Ако сте заинтересирани да научите како да правите програми поврзани со веб, HTML е местото за почеток.
Верзии на HTML
Првата верзија на HTML беше развиена од физичарот Тим Бернерс-Ли во 1990 година, а првата јавно достапна верзија беше објавена во 1991. Оттогаш, HTML беше ажурирана многу пати за да се прилагоди на напредокот во технологијата. Тековната стандардизирана верзија е HTML5, која се користи од 2014 година.
CSS
Кратенката на CSS е Cascade Styling Sheets. Всушност CSS носи стил на вашите веб – страници преку интеракција со HTML – елементи. Елементите се индивидуални HTML компоненти на веб -страница како на пример, параграфот во HTML, доколку сакате да изгледа во розова боја и здебелени букви преку веб – прелистувачот ќе користите CSS. Tоа е јазик преку кој можете да ја опишете презентацијата на јазикот за обележување – во овој случај, за да ги опишете движењата на HTML.
За што се користи CSS?
CSS (Cascading Style Sheets) се користи за дефинирање на дизајнот на страницата, вклучувајќи работи како големината на секој елемент и како изгледа. Со CSS, можете да поставите работи како стилот на фонтот што го користите, бојата на позадината на страницата и ширината на границата околу елементите на страницата, попрецизна контрола на распоредот на страницата, варијации на приказ за различни уреди и големини на екран како и разновидни и другите ефекти, правејќи ја веб – страницата поубава и динамична.
Верзии на CSS
Првата верзија на CSS е развиена од Хикон В.Л и Берт Бос која што е специјална препорака за W3C објавена во декември 1996 година. CSS e ажурирана повеќе пати и најновата верзија на CSS е CSS3.
Разлики помеѓу HTML и CSS
Голем дел од луѓето веруваат дека HTML и CSS се исти, но тие всушност се и два различни јазици. Иако често се користат заедно во кодирање и веб -дизајн тие можат да се користат одделно. Некои од разликите помеѓу HTML и CSS се:
- HTML ја дефинира содржината и структурата на веб -страница, додека CSS го преведува приказот и дизајнот на HTML елементите
- Како резултат на тоа, HTML може да вклучи CSS код во своите датотеки, но CSS не може да содржи HTML во неговите листови
- HTML не се користи за презентација или визуелизација, додека CSS се користи
- Кога станува збор за пишување јазик, HTML има доста јасна и лесно разбирлива синтакса, додека CSS може да биде малку посложена и збунувачка
- HTML користи „ознаки“ од двете страни на содржината, додека CSS користи „селектори“ по што следи блок за декларација
- Кодот што го користи HTML е многу поголем од оној што го користи CSS, давајќи им на CSS помало време на вчитување на веб -страница
- Примарната функција на HTML е да креира веб -страници, додека CSS се користи за контрола на изгледот и стилот на овие веб -страници
Колку време е потребно за да се научи HTML и CSS?
Учењето на основниот HTML+CSS односно учењето на основните ознаки не трае долго, но да може да ги научите доволно добро за самостојно да ги користите и да научите напредни HTML и CSS анимации, тогаш ви е потреба повеќе време.
Искрено, не можеме точен временски период да кажеме поради тоа што технологиите се менуваат и се ажурираат со текот на годините. За да ги совладате HTML и CSS, мора да се посветите на постојано, дисциплинирано и организирано учење, бидејќи сите овие полиња се многу големи, па колку повеќе се обидувате толку повеќе и ќе научите. Откако ќе бидете сигурни во вашите HTML вештини, можете да преминете на следниот чекор во вашето патување за развој на веб – стилизирање на вашата страница со CSS.
Токму затоа, пријави се на основниот курс за HTML & CSS огранизиран од страна на SourceMX Academy. Курсот е наменет за почетници кои сакат да ги научат основите на HTML & CSS, дизајнери кои сакат да се надоградат и секој кој сака да додаде некоја нова вештина во своето CV.