Курс за програмирање со C++
Научи ги основите на еден од најпопуларните програмски јазици
Пријави се за нареден термин!
Времетраење: 6 предавања
Ниво: основен
Настава: Онлајн (Zoom)
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.
Еден од најпопуларните и најчесто користените програмски јазици низ целиот свет е C++. Овој програмски јазик може да се користи за развој на оперативни системи, пребарувачи, компјутерски игри и слично. Јазикот C++ е пренослив, што значи дека може да се користи и за развој на апликации кои можат да се прилагодат на повеќе платформи.
C ++ поддржува различни начини на програмирање, како што се процедурални, објектно ориентирани, функционални итн. и затоа се смета дека овој програмски јазик е доста моќен и флексибилен, и наоѓа широка примена во светот на програмирањето.
На овој курс учесниците ќе ги научат основите на програмскиот јазик C++, односно ќе се запознаат со основните техники на јазикот, ќе научат да напишат код и ќе ја сфатат суштината на објектно-ориентираното програмирање.
По завршување на курсот, сите учесници ќе се стекнат со солидни познавања на развојната околина на C++ и ќе ја владеат синтаксата и семантиката на овој јазик.
Запознај го инструкторот:
Илинка Глигорова - Дипломиран Инженер на ЕТФ (КТИА)
Илинка е долгогодишен професор од областа на информатиката, програмирањето и веб дизајнот во повеќе државни и приватни училишта и академии. Таа има свои разработени практични методи за организација на интерактивна настава и пренесување на знаења, и е одличен познавач и предавач од областа на програмирање со јазиците С, С++ и С#.
SMX - ЗА НАС
Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.
Што имаме постигнато
Што велат нашите учесници
Што по завршување на курс во SMX
Сертификат за успешно завршен курс
Видеа и задачи од сите предавања
Додавање во платформата на SMX
Што ќе научиш
Каде најчесто се користи C++?
За кој е наменет овој курс
Почетници без основно познавање и искуство со C++ и општо со програмирање
Програмери кои сакаат да започнат да работат со нов програмски јазик
Средношколци и студенти кои размислуваат да влезат во светот на програмирањето
Пријавување
За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.
Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.
НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:
Почеток:
30ти Август
Времетраење:
6 предавања по 120 минути
Распоред:
од 18:30 до 20:30 часот (понеделник-среда-петок)
Цена:
3000 денари