Што претставува терминот DevOps? Твојата улога како DevOps инжинер?
- декември 29, 2022
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Дигитални вештини
Терминот DevOps во денешно време го среќаваме се почесто, но кое е всушност неговото значење?
Зборот DevOps е комбинација од development(развој) и operations(операции), наменети да претставуваат заеднички пристап кон задачите што ги извршуваат тимовите за развој на апликации и ИТ операции на компанијата.
DevOps е збир на практики, алатки и културна филозофија што ги автоматизира и интегрира процесите помеѓу развојниот софтвер и ИТ тимовите. Практиките на DevOps помагаат во зајакнување на тимот, со подобра тимска комуникација и технолошката автоматизација.
Додека DevOps не е технологија, во DevOps се вклучени неколку методологии како:
- алатки за континуирана интеграција и континуирана испорака или континуирано распоредување (CI/CD), со акцент на автоматизација на задачите;
- Системи и алатки кои поддржуваат усвојување на DevOps, вклучувајќи следење во реално време, управување со инциденти, управување со конфигурации и платформи за соработка; и
- cloud computing, микросервиси и контејнери имплементирани со DevOps методологии.
Животниот циклус на DevOps
Тој се состои од осум фази кои ги претставуваат процесите, можностите и алатките потребни за развој. Во текот на секоја фаза, тимовите мора постојано да соработуваат и комуницираат, одржувајќи го бараниот правец, брзина и квалитет.
- Discover – Откривање
- Plan – Планирање
- Build – Градењe
- Test – Тестирање
- Deploy – Распоредување
- Operate – Работење
- Observe – Обзервирање
- Continuous feedback – Континуиран фидбек
Што е DevOps инжинер?
Кога зборуваме за DevOps инженер, мислиме на ИТ професионалец кој работи со развивачи на совтвери, системски оператори и администратори, и го надгледува и/или олеснува објавувањето или распоредувањето на кодот на основа на принципите CI (continuous integration)/CD (continuous development).
Која е улогата на DevOps инжинерот?
Управување со проекти: понекогаш, инженерите на DevOps го преземаат водството во управувањето на самите проекти, осигурувајќи се дека сите се запознаени со целта и главните рокови.
Дизајнирање и подобрување на ИТ инфраструктурата: инжинерите на DevOps може да идентификуваат како може да ја подобрите самата инфраструктура, со тоа помагајќи ви да ја постигнете целта на побрз и поефикасен начин.
Тестирање на перформанси: оценувањето колку добро функционираат системите е клучен дел од секојдневните обврски на DevOps.
Автоматизација: Една од главните улоги на DevOps е да ги автоматизираат процесите.
Оптимизирање на циклусите на издавање: бараат начини да ги оптимизираат циклусите на објавување, и да воведат нови начини за придвижување на процесот (на пример, нов софтвер).
Следење и известување: давање повратни информации од производството за да се намалат грешките ‘time to detect’ (TTD) и ‘time to minimize’ (TTM).
Безбедност: користење на најдобрите практики насочени кон одржување на безбедноста е еден од главните нпроцеси на DevOps. Ова вклучува автоматизација на клучните процеси, распореди за издавање и дизајн на инфраструктура.
Дали DevOps инженерите треба да знаат како да кодираат?
DevOps инженерите вообичаено не се оние кои работат на кодот на финалниот производ (тоа е работа на девелопер)!
Меѓутоа, она што тие го прават е да создавање на решенија кои заштедуваат време при развојот на една апликација или софтвер. Пример: пишување код или скрипти за автоматизирање на клучните задачи.
Кои се бенефитите од DevOps во една компанија?
- Брзина
Тимовите што практикуваат DevOps почесто објавуваат испораки, со повисок квалитет и стабилност. Континуираната испорака им овозможува на тимовите да градат, тестираат и испорачуваат софтвер со автоматизирани алатки.
- Подобрена соработка
DevOps е култура на соработка помеѓу програмерите и оперативните тимови кои споделуваат одговорности и комбинираат работа. Ова ги прави тимовите поефикасни и заштедува време поврзано со префрлање на работа и создавање код.
- Брзо распоредување
Со зголемување на фреквенцијата и брзината на изданија, тимовите на DevOps ги подобруваат производите. Вие стекнувате конкурентска предност со брзо ослободување на нови функции и поправка на грешки.
- Квалитет и доверливост
Практиките како континуирана интеграција и континуирана испорака гарантираат дека промените се функционални и безбедни, што го подобрува квалитетот на софтверскиот производ. Набљудувањето им помага на тимовите да бидат информирани за перформансите во реално време.
- Безбедност
Вградуваме безбедност во производот со интегрирање на активни безбедносни ревизии и безбедносно тестирање во агилниот развој.
Во SMX сите курсеви и Академии кои ги организираме се врз основа на моментално актуелни работни позиции или вештини за истите. Оттука, наскоро ќе ја организираме Академијата за DevOps инженер. Stay tuned…