Најчесто поставувани прашања – Летен курс за дизајнирање во Photoshop со Александра Јовиќ
- јуни 27, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Блог за дигитални вештини
1. Кое е твоето практично искуство со Photoshop?
Photoshop го работам секојдневно. Најпрво започнав со уредување на фотографии (3Д визуелизации) а денес го работам за дизајнирање. Моето познавање во Photoshop е: еуредување на фотографија, дизајн за бренд, илустрација, креирање на лого и креирање дизајн за веб страна или мобилна апликација.
2. Накратко запознај не со тебе?
По порефисија сум архитект a со дизајни започнав да работам по завршувањето на студиите. Привте проекти кои ги имав за работа ми беа од фриленс платформи каде го стекнав и првичното искуство со клиенти.
Photoshop го работам околу пет години. Најпрво започнав да го работам за комплементирање на архитектонски проекти (3Д визуализациите да бидат подобро прикажани) а потоа со тек на време самата почнав да го изучувам за графички дизајн. Освен Photoshop имам познавање и на Illustrator, InDesign, After Effects, AutoCad и 3D Softwers (sketchup, v-ray, 3DsMax)
3. Што ќе се учи за време на курсот?
- Што е Photoshop и за што се користи?
(примери)
- Запознавање со интерфејсот на програмата и креирање на нов документ. ( овде може да им објасниме дека може да креираат artboards)
- Работа со layers, селекција/креирање
- Креирање на постер, насловна и креатива за Landing page
- Креирање на флаери/картица/стикери
6.Додавање на текст/wrap text/фонтови/ефекти
- Вовед за фотографија и фотоманипулација
- Фотографија-скратување-продолжување-ретуширање-ефекти
- Завршеток: принтање/PDF/JPG/PNG
4. Како ќе се одвива наставата и дали студентите ќе имаат можност преку практични примени да го совладаат материјалот?
По завршувањето на дел од предавањата студентите ќе добијат задачи кои тие истите дома ќе можат самите да ги решат и доколку имаат нешто нејасно на наредниот час
Ќе дискураме заедно.
5. Наведи 3 причини зошто некој треба да учи курс за Photoshop во SMX?
Пред се, тоа што е олеснително е што овој курс е онлајн па поради тоа студентите ќе може да го следат од било каде и да се.
Краток курс каде во само неколку предавања ќе имаат можност да се стекнат со основните и главните знаења за Фотошоп. Ќе бидат директно насочени кон решавање на дизајнерски задачи а по завршување на курсот ќе можат самите да издизајнираат свое лого, бизнис картица итн..
Освен предавањата ќе добијат и дополнителна литература за доколку сакаат да дознаат нешто повеќе.
6. За кого е наменет овој курс? За почетници или и за оние кои имаат претходно познавање?
За почетници и за оние кои сакаат да научат нешто повеќе. Ќе започнеме со основите на фотошоп а на крај од курсот ќе имаме готов производ кој ќе биде спремен за печатена верзија.
Уписите за курсот се во тек! Зачувај си место тука.