Ивана е машински инженер со специјализација во дизајн и 3D моделирање, со искуство во водење на целиот процес на механички развој од комуникација со клиенти до техничка документација и финална изработка. Во курсот, ќе ви покаже како се користи SOLIDWORKS со пристап и совети што ги стекнала низ работа на реални производствени решенија.
Како ментор, Ивана ќе ви помогне да го совладате софтверот низ реални инженерски примери и практична примена, градејќи основа што може директно да се користи во кариерата.