Пребарување
  • Пон - Пет 9:00 - 17:00
  • Тоше Проевски 8, 2400 Струмица, Македонија
  • +389 77 648 049
SMX
0
0 курсеви 0,00ден
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за програмирање со .NET
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Social Media Marketing Bootcamp
    • SEO Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
    • Salesforce Administrator Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог
  • Регистрирај се
0
0 курсеви 0,00ден
Најава
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за програмирање со .NET
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Social Media Marketing Bootcamp
    • SEO Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
    • Salesforce Administrator Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог

Наоѓање работа како Junior програмер – На разговор со Митко Арсов, студент од SMX

  • ноември 8, 2023
  • Објавено од: Hristina Kolova
  • Категорија: Успешни приказни
Нема коментари

Процесот за наоѓање работа како почетник во секоја индустрија е тежок. Многу од нас не знаат кој е најдобриот начин да контактираат фирми, не знаеме што точно сакаме, не сме сигурни во разговорите, се сомневаме во нашите вештини и многу други пречки кои се пред нас во тој период. 

Ова е особено изразено и во ИТ индустријата, каде има многу побарувачка на професионалци, но не сите компании отвараат врати на почетници. Не само тоа, туку често се наоѓаме во стапица како да се истакнеме од другите, како да бидеме забележани и да ни се даде шанса?

На оваа тема зборуваме повеќе со наш претходен студент, Митко Арсов, со кого претходно зборувавме И за неговата патека од архитект до програмер во Волво.

1. Митко дали можеш да ни кажеш повеќе за периодот од комплетирање на академијата за веб програмирање во SMX, до вработувањето во твојата прва ИТ компанија неколку месеци подоцна?

Поради интензитетот на повеќемесечната настава и обврските околу финалниот проект, по завршувањето на академијата, чувствував дека ми е потребна пауза. После неколку недели, преку соработка со останатите учесници, се обидував да ги анализирам и разберам некои делови од материјалот кои се уште ми беа нејасни. Исто така, поради недостаток на идеи за продолжување, прифатив предлог од пријател да започнам со “20 Web Projects With Vanilla JavaScript” од Brad Traversy, материјал кој многу ми помогна преку анализа на различни примери и пристапи за подобро разбирање на основите на JavaScript.

2. Дали можеш да споделиш нешто повеќе за твоите самостојни проекти кои ги работеше во периодот пред вработување? Што сметаш дека ти беше најкорисно од тие проекти?

Во текот на академијата имавме многу идеи за идни проекти, и очекувањата беа дека ни недостасува само знаење. Сепак, еден од поголемите лични предизвици беше да започнам со реализација на својата идеја, која ниту суштински, ниту како дизајн нема да изгледа глупо… и не сум сигурен дали успеав во тоа 😅.

“Color Generator” имаше концепт инспириран од coolors.co, со минимален интерфејс и функционалност. Составена од три функционални целини – header, main и saved. Покрај генерирање на бои по случаен избор, предизвик беше креирањето на функција која трансформира боја од HEX во RAL код, со тоа што секоја HEX боја нема соодветен RAL код.

Останатиот дел содржи централно поставен круг, со две копчиња (Generate, Save) и информативен текст кој ја следи формата на кругот (sass). Со клик на “Generate”, се креира нова боја, се менува позадината на поголемиот дел од екранот во таа боја, и нејзиниот HEX код е испишан централно во кругот, а со клик на него автоматски се копира. Со клик на “Save”, HEX кодот се зачувува во долниот лев агол од екранот.

Од оваа перспектива, сметам дека главната корист од оваа апликација беше во создавањето на едноставен интерфејс и јасна “бизнис логика”, така што се фокусиравме на вежбање на алгоритми и синтакса. Исто така, идејата за “постепено комплицирање” и додавање на нови функционалности, како и трансформацијата од Vanilla JS во React + Redux, оформи долготраен систем за учење и развивање. 

3. Во текот на процесот на селекција, со компанијата имаше неколку разговори и интервјуа, дали можеш да ни кажеш кој беше твојот пристап на тие разговори и што беше тоа што направи разлика да бидеш забележан и избран?

Процесот започна со долг разговор во кој се потрудив да споделам детали околу моето претходно искуство и интереси. Понатаму, имав две технички интервјуа во кој прв пат решавав алгоритам со фломастер.. многу интересно искуство. Иако во моментот можеби не се чувстував целосно подготвен, без сомнение бев заинтересиран за учење и напредок во знаењето. Кога се работи за почетници, компаниите често го оценуваат не само тековното знаење, туку и пристапот кон решавањето на проблемот.

Секако, поддршката од страна на SMX околу контактот со Ludotech беше клучна. Ова тоа беше период кога имавме рестрикции поради COVID, што го отежнуваше процесот за барање компанија која е отворена за регрутирање на практиканти. Затоа, искуството со SMX и Ludotech има огромно позитивно влијание во развојот на мојата професионална кариера.

4. Каде мислиш дека се прават најчестите грешки при аплицирање и интервјуирање од страна на почетниците во ИТ?

Сметам дека најчести грешки вклучуваат аплицирање на огласи кои не се соодветни во однос на знаењето и искуството, нетранспарентност околу познавањето на технологиите и страв од правење грешки.

5. Кои се најдобри канали за наоѓање потенцијални работни места, односно дали мислиш само следење на огласи или можеби има други опции, како на пример директно наоѓање регрутери или HR професионалци?

За почетници веројатно комбинација од сите начини, доколку каналите овозможуваат шанса во рамки на нивните вештини.

6. Доколку сега би почнал пак како почетник да бараш работа, кој би бил твојот процес за наоѓање работа?

– Изработка на лесно читливо CV

– Праќање на CV и мотивационо писмо во компании кои моментално немаат отворена позиција

– Активности на LinkedIn

– Активно барање на работа во рамки на постоечкото знаење на посакувани локации (корисен линк https://it.mk/index/ )

– Следење на компаниите во посакуваните локации

– Контакт со HR претставници од компаниии

– Контакт со агенти / поредници

– Користење на Reddit

– Започнување на мал проект кој лесно би можел да добива нови функционалности (scalable project)

– Вежбање алгоритми на некоја онлајн платформа (CodeWars, LeetCode, HackerRank, etc.)

Во SMX Academy, не посветуваме време и внимание само на учењето на материјалот и технологиите, туку и на подготовка за кариера во ИТ и развивање на мрежа. Следниот термин од академијата за програмирање ни почнува наскоро, имаме уште мал број слободни места.

За Нас

Локалис Трејд ДООЕЛ
ул. Младинска 230, 2400 Струмица
ДБ: 4027015522348 ЕМБС: 7031351
Жиро сметка: 210070313510133

Линкови

  • Контакт
  • Политика за приватност
  • Политика на враќање на средства
  • Стани инструктор

SMX е официјално CPD акредитиран едукативен центар

Image 1
Image 2

Поддржано од

Image 3
© SMX 2024
Sign In
The password must have a minimum of 8 characters of numbers and letters, contain at least 1 capital letter
Запомни ме
Sign In Регистрирај се
Restore password
Send reset link
Password reset link sent to your email Close
Confirmation link sent Please follow the instructions sent to your email address Close
Your application is sent We'll send you an email as soon as your application is approved. Go to Profile
No account? Регистрирај се Sign In
Lost Password?