Дигитални трендови за 2020 година
- февруари 6, 2020
- Објавено од: tankicag
- Категорија: Блог за дигитални вештини ,
Многу од нештата кои пред десетина години мислевме дека нема да се случат денеска се случија, а некои од нив се со изненадувачки ниски цени. Ние ја градиме технологијата на иднината, токму во овој блог пост зборуваме за некои од најновите дигитални трендови кои се очекува да ја обележат 2020 година.
Квантни комјутери
Квантните компјутери имаат огромен потенцијал да го променат светот на технологијата, а во недалечна иднина и нашите животи. Пред некое време во медиумите за технологија излезе една нова вест поврзана токму со квантните компјутери. Веста е дека се појавил нов процесор наречен Sycamopre со 54 qubit кој врши пресметка за 200s за разлика од најбрзиот супер-компјутер на светот кои истата пресметка би ја извршил за 10.000 години.
Слика 1: Објава на Гугл за квантините копмјутери
Ако се прашувате како е тоа можно, важно е да знаете дека квантните компјутери работат на сосема друг принцип за разлика од обичните компјутери. Компјутерите кои ние ги користиме работат со битови т.е. 0 или 1, додека пак квантните компјутери работат со кјубитовите во исто време можат да бидат 0 и 1. Бројот на битови кои може да ги обработи еден квантен компјутер расте експоненцијално со бројот на кјубитови.
Друг интересен факт отколку квантните компјутери е тоа што тие можат овие битови да ги обработуваат истовремено т.е паралелно, до степен што не може да биде постигнат со традиционалните компјутери. Во моментот не сме многу далеку од дадените можности. Најмоќниот квантен компјутер во моментот D-WAVE на една канадска фирма е 2000 кјубитови.
Слика 2: Квантен компјутер D-WAVE
Има различни технологии по кои се прават квантни компјутери. Сè уште не е јасно која технологија ќе се издигне најмногу, затоа што оваа технологија е на почетокот, како што беа традиционалните компјутери во средината на минатиот век. Квантните компјутери веќе наоѓаат примена во многу области, како на пример во алгоритмите за оптимизација, машинско учење, алгоритми за веројатност, финансиски анализи, биоинформатика, хемиски и физички симулации и слично. Тие се многу добри во генерирањето на големи прости броеви, а тоа е основата на речиси сите криптирачки алгоритми. Еден квантен компјутер речиси и да има потенцијал да ги разбие или разоткрие сите современи алгоритми исклучително лесно. Тоа може да доведе до ниво да нема тајни ако останеме да денешната сајбер сигурност. Но, од друга страна, пак, во тоа е предвиден и “спасот” во разработување на целосно нови алгоритми кои работат на сосема други принципи и не се подложни на такви напади. Квантната револуција е во тек и порано или подоцна ќе навлезе во нашите животи.
Роботика во медицината
Вештачката интелигенција сè повеќе навлегува во нашите животи, а медицината не е исклучена од овој процес. Од историска гледна точка, роботизирана хирургија започнала во 1985-тата година. Понатаму процесот на развивање продолжува и се прават роботи да учествуваат во ортопедијата и нервохирургијата и во 2001 година е извршена првата трансконтинентална операција, пациентот бил во Стразбур Франција, а лекарот хирург се наоѓал во Њујорк. Сето тоа било возможно со многу брза интернет врска.
Што всушност претставува еден медицински робот? Медицинскиот робот претставува множество роботизирани раце, една сложена машина која е доста скапа. Тие го олеснуваат извршувањето на многу манипулации и интервенции бидејќи се доста прецизни и точни во тие дејствија.
Слика 3: Медицински робот
Хирургот е оператор на оваа машина, машината може да оперира и сама, но треба да биде специјално програмирана за конкретен случај. Но најчесто тоа го прави хирург кој стои позади машина (слика 4) со специјално инсталиран софтвер. Роботот е толку прецизен што дури го елиминира треперењето на раката на хирургот.
Медицински роботи денес може да најдат примена во општата хирургија, гинекологијата, гастро хирургија, очната хирургија, мозочната хирургија, ортопедијата, педијатријата и урологијата. Оваа технологија има свои предности како и многу добар поглед на полето за операција плус можност за зголемување. Од друга страна, пак, овие роботи се доста скапи и доаѓат во пакет со договор за одржување, што значи дека не секоја болница може да си го дозволи. Оваа технологија има многу бурен развој.
Слика 4: Медицински робот и хирург
Предизвикот е овие апарати да станат помали и да бидат лесно преносливи. Ова особено би било од корист за воената технологија која вложува сериозни суми во оваа технологии.
Блокчејнот во медицината
Факт е дека медицинските белешки во поголем број се чуваат на хартија. Но има и болници кои инвестираат во дигитализација на медицинските белешки. Овде се појавува друг проблем колку од овие податоци се заштитени. Според одредени статистики, досега имало повеќе такви напади во кои биле оштетени поголем број на граѓани. Тука настанува и проблемот со доверливоста до таквите медицински податоци од опасноста да бидат променети, избришани и слично. Токму тука се појавува улогата на блокчејнот како технологија кој за разлика од стандарните дата бази, каде имаме еден сервер и еден администратор и еден човек има достап до информацијата, тука достапот е децентализиран.
Друга предност е тоа што информациите не можат да бидат променети и не можат да бидат избришени. Информацијата се чува во најопшто кажно блокови кои чуваат хеш т.е опечаток за тоа каква информација има во блокот и математички може да се провери дали таа информација е променета. Ако пак некој се обиде да ја промени информацијата, другите учесници кои имаат достап до информацијата можат да ја отфрлат таа активност.
Слика 5: Мрежа пациенти и здраствени установи
Ако си претставиме една таква мрежа меѓу пациенти и здраствени установи, пациентите ќе имаат достап до информациите како и достап до тоа кои се може да ја види нивната здраствена историја. Самиот пациент може да одлучи дали ќе им даде пристпа на одредени здраствени установи до неговите информации. Друга предност е во областа на истражувањето. Научниците со овој систем ќе имаат можност полесно да собираат информации за нивните истражувања, а се разбира сето тоа е решено со дозвола од самите пациенти кои можат да одлучат дали сакаат да бидат дел од тоа. Ако блокчејнот пред неколку години направи револуција на финансиските пазари, очекувањата се дека во 2020 ќе направи револуција во медицината.
Fuchsia OS
Fushsia OS е оперативен систем кои целосно може да го замени Android. Fushsia OS е развиен од Google и сè уште е во рана фаза на разработување. Во 2016 за прв пат се среќава во Github како отворен систем. Овој оперативен систем покрај тоа што е прилагоден за мобилен (Armadillo Design), истиот е достапен и за десктоп компјутери (Capybara Design). Содржи многу функционалности со доста исчистен дизајн. Еден од главните фокуси на овој оперативен систем е Google Assistant, a како друга предност се наведува лесниот достап до апликациите т.е сите апликации се на home srceen.
Од Google сметаат дека Android не е доволно ефикасен и сигурен и затоа тие изработуваат сопствено јадро наречено Zircon за овој оперативен систем. Со тоа се постигнува поголема сигурност на уредот, како и поголема ефективност. Предвидувањата за иднината се дека Fushsia OS ќе стане целосно достапен во 2023 година. Се смета дека помеѓу двата гиганти како Android и iOS ќе застане уште еден, а тоа ќе биде токму Fushsia OS. Се очекува истото да се случи и кај десктоп оперативните системи.