Дали некогаш сте се запрашале кои се најстарите веб-страници кои постојат на интернет?  Ајде да патуваме заедно низ времето.

Interrupt Tech Corp 

Оваа веб страница често е нарекувана жив фосил на интернет. Според некои податоци, страницата е регистрирана на  18-ти септември 1986 година. Кога корисникот ќе ја пристапи страницата ги добива сите потребни информации за корпорацијата напишани текстуално, а очигледно е дека дизајнот од ваквиот тип на веб страна изостанува.

Texas Internet Consulting

Се чини дека оваа веб страница е регистрирана во Април 1987 година. Самата веб страна содржи прилично основни информации. Но, таа е едноставна со функционални линкови и инпут-полиња за пребарување. Ако погледнеме позадински, страницата е изградена со користење на едноставни HTML тагови и CSS стилови, а поседува и едноставна скрипта.

Milk.com

 

Milk.com e веб страница со забавна содржина основана 1994 година. Веб страната е исполнета со линкови кои изобилуваaт со забавна содржина. Доколку имате слободно време, разгледајте ја оваа стара забавна веб страница.

The San Francisco Fog Cam

Уште една веб страна која датира од далечната 1994 година. Оваа веб страница е проект на студентите Џеф Шварц и Дан Вонг на Државниот универзитет во Сан Франциско. Тие ја изградиле веб камерата како проект за “фаќање” на студентскиот живот. Секоја минута фотографира и континуирано емитува веќе 25 години. Фог камерата е најстарата веб камера во светот која работи постојано. Последното ажурирање на веб страницата е направено на  2-ри јануари 2019 година, но веб страницата го има задржано својот автентичен изглед.

Space Jam

Оваа веб страница е креирана по истоимениот филм во 1996 година и е се уште присутна. За разлика од тоа што досега го видовме, оваа веб страница е многу попривлечна и, можеби застарен, но убав дизајн. Сликичките од планетите всушност претставуваат линкови кои отвараат нови интересни содржини.

CNN Time Warner’s 1996 Year in Review

Оваа веб страница ги содржи топ 10-те приказни за 1996 година. Некој од линковите не се функционални повеќе, но страницата се уште е жива и сведочи за случувањата од тоа време. Веќе може да приметиме подобрување во дизајнот и употреба на банерите кои се уште се популарни. Направена е одлична комбинација на бои и типографија.

Arngren

Arngren датира од 2004 година. Страницата изобилува со слики и содржина неправилно подредени по целиот екран. Ова создава конфузија кај корисникот, но од друга страна, изобилува со корисни информации за хеликоптери, Дедо Мраз, диносауруси, роботи и многу друго.

 

На Интернет постојат и многу други веб страни кој го задржале својот прв автентичен изглед. Примерите што ги наведовме во блог постот видливо ја покажуваат разликата од тоа што претставуваат веб страните денес и што претставувале некогаш. Многу работи се имаат променето, како на пример преминот од HTML 1.0 на HTML 5.  Градење веб страни без CSS и страници кои содржат извонредни CSS стилови. Во меѓувреме самите веб прелистувачи исто така се променија за да можат достојно да одговорат на задачата сето тоа што е напишано како код убаво да биде прикажано во прелистувачот.

За разлика од страниците кои се прикажани погоре, денешните веб страници се прилагодени убаво да бидат прикажани и на мобилен. Тоа се должи на фактот што процентот на луѓе кои пристапуваат на интернет преку своите телефони е се поголем. Тргнувајќки од тоа, девелоперите се трудат да го постигнат ефектот на Responsive дизајн. Исто така, во текот на годините се појавија многу истражувања кои денес им помагаат на девелоперите да ги направат своите веб страни подобро прилагодени за корисниците на секакви уреди.

Важно е да се знае дека веб технологиите HTML и CSS се сеуште популарни и често може да се открие нешто ново за нив.

Доколку сакаш да научиш како се започнува со градење на веб страна и кои се најновите трендови во областа, можете да се запишете на курсот HTML & CSS за поченици кој е организиран од SourceMX Academy.