Social Media and Beyond: A Digital Marketing Bootcamp

Започни кариера во дигитален маркетинг или изгради онлајн присуство што ќе привлече клиенти и ќе го трансформира секој бизнис! 🎯

Почеток: 30-ти јануари 2025

Распоред: Вторник и четврток од 18.30 до 20.30

Времетраење: 2.5 месеци предавања + 1 месец работа на реален проект

EARLY BIRD ПОПУСТ ДО 15.01 - 500 ЕУР (на 6 рати)

Цена после 15.01 - 580 ЕУР

Реален проект за дигитал маркетинг агенции Social Circle & Roccad

Настава: Онлајн (Zoom)

Учи 2.5 месеци, Работи на Реален проект 1 месец
Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

Зошто Digital Marketing Bootcamp?

Специјално креирана програма

Програмата на овој Bootcamp ги вклучува најупотребуваните социјални медиуми: Facebook & Instagram; LinkedIn; Twitter И TikTok. Органскиот (неплатен дел) И Платениот дел (Ads) ќе биде детално опфатен за секоја од овие платформи. Дополнително ќе се изучуваат основните техники како дефинирање Buyer Persona; Brand Identity И Анализа на конкуренција. Истакнуваме: Во програмата е вклучен и дел за изградба на WordPress страни.


Работа на реален проект

 

Креирање на органска и платена стратегија за социјални медиуми на Facebook и Instagram за клиенти на Дигитал Маркетинг Агенцијата Social Circle.
Креирање на органска стратегија за за социјални медиуми на Facebook и Instagram за Дигитал Маркетинг Агенцијата Roccad.

Social Media Management


Во денешно време речиси од секој Дигитален Маркетер се бара да има познавање од социјалните медиуми, како тие функционираат и како еден Бизнис може да ги продава своите услуги и производи преку овие платформи. Истовремено, секој кој води свој Бизнис може да го искористи потенцијалот од социјалните медиуми за постигнување подобри резултати доколку знае како правилно да ги менаџира. 

Еден месец работа на реални проекти за маркетинг агенции

Тимот на SMX е активен во овој сегмент од маркетингот повеќе од 8 години, заедно имаме соработувано со над 150 домашни и странски клиенти, менаџирано буџет од над 1.000.000 евра за рекламирање за повеќе индустрии. Поради тоа, одлучивме да го споделиме нашето знаење и искуство преку 4 месечен Social Media Marketing Bootcamp во кој ќе имаме 1 месец целосно работење на реални проекти со партнер маркетинг агенции Social Circle и Roccad.

Двете компании имаат долгогодишно искуство и голем број на клиенти во нивното портфолио, од најразлични индустрии и сфери, па задачите кои би се сработувале би биле сеопфатни и многу корисни за учесниците на буткампот. Освен тоа што во текот на 3-те месеци предавање ќе има домашни задачи, последниот месец од буткампот е целосно посветен на работа на поголеми проекти и задачи за реални клиенти.

Прочитај повеќе за практичнот дел од Social Media Marketing буткампот и како ќе се одвива соработката на учесниците со партнер компаниите. 👇

Сите учесници ќе бидат вклучени на Slack и Asana. Ќе се зададат различни мали и поголеми таскови за некои од клиентите на маркетинг агенциите Social Circle и Roccad. Секоја задача ќе има контакт лице од фирмите кое ќе биде достапно за прашања и консултации.

Пример задачи:

  • Пишување текст за објава
  • Креирање слика за објава
  • Комплетно креирање објава
  • Креирање Content Calendar
  • Креирање Social Media Strategy
  • Поставување на реклама
  • Менаџирање и оптимизирање на реклама

Што ќе научиш

Tехники за дефинирање стратегија и позиционирање на социјалните медиуми

Креирање на ефективни купувачки персони

Поставување комплетни Бизнис Профили на Facebook & Instagram

Органско и платено маркетирање на Facebook и Instagram

Креирање на објави според најдобрите практики (Content Calendar И Copywriting)

Користење на Canva и AI алатки за дизајн и маркетирање

Комплетно изучување на Paid Facebook & Instagram Advertising)

Управување со профили на LinkedIn и TikTok

Користење на Google Analytics и Ads за напредно маркетирање

Развој на целосни маркетинг стратегии

Реализација на конкретен проект за Social Circle и Roccad:

Применете ги сите стекнати знаења во реален проект за да демонстрирате и да ја оцените вашата способност да спроведувате комплексни социјални медиумски стратегии.

Програма


Модул 1 – Setting Up the Foundations

  • Недела 1
    • Introduction to Social Media
    • Brand Guide – Brand Identity
  • Недела 2
    • Brand Guide – Brand Identity
  • Недела 3
    • Buyer Persona
    • Competitors Analysis
    • Building WordPress Page
  • Недела 4
    • Building WordPress Page
    • Поставување комплетни Бизнис Профили
    • Технички дел на платформите

Модул 2 – Facebook & Instagram Marketing

  • Недела 5
    • Organic Social Media Strategy, Content Calendar
    • Copywriting, Publishing & Managing posts
    • Posts Analysis, Organic Analytics
  • Недели 6 & 7
    • Setting up Business, Events Manager and Catalogue
    • Facebook & Instagram Ads, Paid Social Media Strategy
    • Setting up and Managing campaigns
    • Campaigns Analysis, Tracking KPIs
  • Недела 8
    • Into the world of Canva vol. 1 (tools, possibilities)
    • Into the world of Canva vol. 2 (creatives static/animated, exercise)
    • Други AI алатки кои го олеснуваат животот на маркетерот
  • Недела 9
    • Важноста на UGC (контент генериран од корисници) во маркетинг стратегии
    • Соработки со инфлуенсери и микро-инфлуенсери
    • Градење на онлајн заедница и поттикнување интеракција
    • Одговарање на коментари и рецензии

Модул 3 – TikTok, LinkedIn & Google as Marketing Platforms

  • Недела 10
    • Вовед и технички дел во платформите
  • Недела 11
    • Поставување комплетен Бизнис Профил на LinkedIn и негова Оптимизација
    • Поставување TikTok ad account и Оптимизација на TikTok бизнис профил
  • Недела 12
    • Поставување Google Analytics, Google My Business, Google Ads account

Работа на реален проект (4 недели)

  • Creating & Implementing Organic & Paid Social Media strategy on Facebook & Instagram for Social Circle
  • Creating & Implementing Organic Social Media strategy on LinkedIn

Запознај ги инструкторите

Александра Абрашев, Co-founder of Social Sicrcle

Александра Абрашев, професионалец во дигитален маркетинг со 10 години искуство и акаунт менаџер со пасија за креирање, без разлика дали е градење бренд, креирање бренд приказни, дизајнирање грид за социјални мрежи или креирање META реклами кои носат резултати за секој клиент.

Со голем интерес и разбирање на AI технологиите, таа успешно ги интегрира во своите маркетинг стратегии во делот на олеснување на процесите во работењето и креирањето на кампањи.


Таа е ментор во делот на Facebook & Instagram Marketing на Social Media Marketing Bootcamp.

Глигор Ризов, CEO of SMX Academy

Глигор Ризов, основач на SMX и основач на дигитална маркетинг агенција Roccad. Глигор има 8 годишно искуство како дигитален маркетер и соработувано со голем број на домашни и странски компании. Во досегашното работење, има менаџирано над 700.000 евра во потрошен буџет на социјалните мрежи, најголем дел за е-тррговија сајтови и генерирање контакти (lead gen) за најразлични индустрии.

Тој е ментор во делот на Facebook & Instagram Marketing на Social Media Marketing Bootcamp.

Горан Николов, Co-founder of Social Circle

Горан Николов, креативец и експерт во дигитален маркетинг со повеќе од 10 години искуство. Својата кариера ја започнува со пишување забавни текстови за блогови, за потоа да ја открие својата вистинска пасија за дигитален маркетинг. Способен е да ги препознае и разбере потребите на клиентите, а потоа да создаде креативни и ефективни решенија кои носат мерливи резултати. Неговата страст за иновации и континуирано надоградување, како и неговата посветеност на споделување знаење, го прават одличен партнер за развој и успех во модерниот дигитален свет.

Toj е ментор во делот на платен маркетинг на Social Media Bootcamp.

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик, или испрати ни порака на вибер!

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

Искуства на нашите учесници

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 30-ти јануари

Времетрање: 2.5 месеци учење + 1 месец работа на реален проект;

Распоред: Вторник и четврток (18.30-20.30);

Цена: 500 ЕУР до 15.01.2025;

За да аплицирате на овој Bootcamp, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со наставата.