Игор е меѓународен sales тренер и coach со повеќе од 20 години искуство во продажба и маркетинг. Тој е автор на книгата “GET’EM AT HELLO”, познат водич за продажба преку call центри, и е препознаен говорник на теми од продажба, маркетинг и customer care.
Во текот на својата кариера, има обучено и менторирано над 2.000 sales професионалци и тимови за повеќе од 50 компании во 20+ земји, меѓу кои САД, Индија, Филипини, Хонг Конг, Сингапур, Малта, Холандија, Шведска, Израел, ОАЕ и земјите од Балканот.
Игор има работено и како консултант за Светска Банка, EBRD и IPARD програми, и има изградено и развиено повеќе од 10 стартапи ширум светот. Неговата експертиза е во градење продажни процеси што носат резултати и во развој на луѓе што сакаат да станат успешни sales професионалци.
Игор Чучков
CEO на Ivy Services и Director of Strategic Business Growth во FusionNow

Ѓоргина Џина Шеровска
Доктор во областа на маркетинг менаџментот

Џина е доктор по маркетинг менаџмент, со академска насока во областа на стратешки комуникации, односи со јавност и јавното говорење, како и дигитални медиуми.
Нејзината професионална експертиза е насочена кон маркетинг комуникациите, со посебен акцент на односи со јавноста, бренд менаџмент и интегрирани маркетинг комуникации.
Џина има богато академско и практично искуство и на меѓународна сцена,соработувајќи со организации и проекти во различни земји.
Во својата улога како предавач, таа веќе неколку термини успешно го споделува своето знаење со учесниците, оставајќи силен впечаток преку применливи знаења, интерактивни предавања и современи пристапи во наставата. Нејзината работа е препознатлива по тоа што секогаш ги поврзува теоријата и практиката, охрабрувајќи ги учесниците да развиваат критичко размислување и креативни решенија.