Excel обука за компании

Специјализирана бизнис обука за основни и напредни вештини во Excel, кој целосно ќе ги трансформира извештаите, анализите и проекциите во вашата компанија.

Договорен датум според вашите обврски и нашата достапност

Времетраење: 5 дена - Можност за специјализирана програма

Доставување на понуда по добивање на информации за Вашиот бизнис

Настава: Онлајн (Zoom) и Физичко присуство

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро за подетални информации и подготвување понуда.
ВАЖНО: Оваа обука е само за компании, не е за поединечно учество.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

ЗОШТО ЕXCEL

Научете како да напишете моќни и динамични формули на Excel од нула. Автоматизирајте ги процесите и, насочете се кон целосно револуционизирање на вашиот работен тек со Excel. Однесете ги вашите вештини за Excel на следното ниво со нашата Excel обука за компании како вашата.

Оваа обука ќе ви овозможи длабоко разбирање на напредните формули на Excel и функциите кои го трансформираат Excel од основна програма за табели во динамична и моќна алатка за аналитика. Напредните вештини за Excel се многу важни во бизнисот, а користа од нив може да ви служи и за секојдневни потреби. Кога ефикасно се применува, тоа е моќна алатка, овозможувајќи ви да манипулирате со огромни количини на податоци, да автоматизирате задачи и да презентирате сложени информации. Без разлика за каков бизнис станува збор вашите напредни вештини за Excel ќе ви бидат од корист.

Зошто е потребен Excel во компаниите

Ако сакате да организирате, анализирате и визуализирате податоци, Excel е најосновната алатка што мора да ја знаете.

Без разлика дали сте инженер, data scientist, агент за продажба, аналитичар, истражувач или овластен сметководител – на сите им треба Excel.

Excel го користи речиси секој бизнис во светот и да се биде добар во тоа ќе ви донесе многу подобрувања во бизнисот и кариерата.

Програма

– Основни елементи во работниот лист
– Креирање и уредување на табели во Microsoft Excel
– Додавање и бришење на редови и колони
– Форматирање на ќелии
– Употреба на референци на ќелии
– Користење на формули и основни функции
– Креирање и модифицирање на графикони
– Вметнување на слики, дијаграми и други објекти во excel документ
– Сортирање на податоци
– Филтрирање на податоци
– Дефинирање сложени формули, креирање сложени формули
– Што е тоа Апсолутна референца?
– Други функции (Min, Max, Average, Count, CountIf, If, SumIf, Round, VlookUp)
– Условно форматирање “Conditional Formatting”
– Опции за условно форматирање
– Доделување на условно форматирање (Conditional Formatting)
– Употреба на “What-If Analysis”
– What-if Analysis – Пример
– Pivot табели
– Pivot анализи

Запознај го инструкторот:

Ана Јованоска - Human Resources Development Specialist | Trainer

Ана Јовановска е мастер на бизнис администрација, а пред сè личност која поседува огромна страст кон сите работи кои вклучуваат калкулација и организација. Од таму произлегува и инспирацијата за креирање бизнис тренинг за Excel. Со креативен, а сепак професионален пристап, Ана е подготвена целосно да го трансформира начинот на кој Вашата компанија користи Microsoft Excel и со тоа значајно да ја зголеми ефективноста.

SMX - ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
курсеви организирано
0 +
учесници
0 +
инструктори во тимот
0

Што велат нашите учесници

Што ќе научите

Дефинирање и креирање сложени формули

Употреба на What-If analysis

Функции (Min, Max, Average, Count, CountIf, If, SumIf, Round, VlookUp)

Графикони и Pivot табели

Кои се придобивките од познавање на Excel за вашиот бизнис

Поголема ефикасност во работењето

Подобро организирани податоци

Брзи и прецизни пресметки

Зголемување на продуктивноста

Обработка на податоци и анализи со графикони и табели

За какви компании наменета оваа обука

Обуката е наменета за компании од различна големина и различни индустрии. Секоја компанија веќе работи со голем број на податоци и често има потреба од подобро сортирање и поголема обработка на податоците. Токму затоа оваа обука може да помогне на секоја компанија која сака да се подобри токму во тоа.

Пријавување

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Времетраење: Предавањата може да бидат по 90 или 120 минути


Локација: Обуката може да се одржи онлајн преку Zoom или со физичко присуство


Распоред: Се договара дополнително според можностите на вашата компанија и нашата достапност

Цена: Понудата ќе биде подготвена по добивање на потребните информации

Оставете контакт информации и нашиот тим ќе Ве контактира со повеќе информации и детали околу курсот.