Курс - AI(ChatGPT) за Сметководители

Работи што порано ти крадеа цел ден – сега со AI алатки ќе ги завршуваш пред паузата за кафе

Почеток: 04-ти Септември (чет.)

Времетраење: 4 предавања по 120 минути

Распоред: вторник и четврток од 18.30-20.30 часот

Цена: 5300 денари

Електронски сертификат за успешно завршен курс

Ниво: Почетник

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања контактирај не за телефонски број или на Viber на 077648049.

Или веднаш резервирај го твоето место со онлајн уплата

Започни со AI за Сметководители: Што ќе научиш на курсот?

  • ✅ Како да го користиш ChatGPT за брзо добивање точни и проверени сметководствени одговори

    ✅ Подготовка на фактури, опомени и извештаи со готови шаблони што можеш веднаш да ги прилагодиш

    ✅ Извлекување и обработка на податоци од Excel за неколку минути наместо часови

    ✅ Автоматизација на рутински задачи за да заштедиш време секој месец

    ✅ Работа со податоци на безбеден начин, во согласност со законските правила

    ✅ Пристап до 60+ специјално креирани промпти за сметководители, тестирани во реална работа

Запознај го менторот

Светлана Георгиевска

Раководител на сметководство и финансии

Svetlana Georgievska

Светлана има над 15 години искуство во водење сметководствени и финансиски процеси во групација од повеќе компании со различни дејности. Во својата работа покрива сè – од финансиско известување, анализа на трошоци и буџетирање, до ревизии и усогласување со домашни и меѓународни регулативи.

Последниве години, Светлана го вклучува AI во секојдневната практика користејќи алатки како ChatGPT за автоматизација на процеси, изработка на извештаи, анализа на податоци и полесна комуникација со клиенти и институции.

Како инструктор, има една цел: да им покаже на сметководителите како практично да ги применат AI алатките за да заштедат време, да работат поефикасно и да понудат уште поголема вредност на своите клиенти.

Неколку важни точки

Почеток:  04-ти Септември (чет);

Времетрање: 4 предавања по 120 минути;

Распоред: вторник и четврток од 18.30-20.30 часот;

Цена: 5300 денари;

Како да го резервираш твоето место?

Ако веќе ги разгледа сите детали и знаеш дека сакаш да се приклучиш, сега е вистинскиот момент. Со еден клик ја правиш уплатата и местото ти е веднаш резервирано.

По уплатата, ќе добиеш е-маил потврда и ќе те исконтактираме со сите следни чекори.

Доколку имаш прашања, можеш да нè контактираш на 077 648 049 (и на Viber).

Програма - Курс – AI (ChatGPT) за сметководители

Час 1: Основи на AI и Prompt инженеринг за сметководители

  • Што е ChatGPT и зошто е важен за сметководители
  • Како функционира prompt-инженеринг со практични примери
  • Основни безбедносни и правни аспекти (GDPR усогласеност)
  • Први вежби: генерирање едноставни одговори на сметководствени прашања
  • Практична вежба: подготовка на стандардно писмо за клиент

Час 2: Автоматизација на рутински задачи и темплејти

  • Креирање темплејти за известувања, напомени, фактури и опомени
  • Подготовка на документи за институции (даночни упатства, инспекции)
  • Користење на ChatGPT како виртуелен асистент за проверка на текстови
  • Библиотека на готови промпти за сметководители (60+ примери)
  • Практична вежба: изработка на 3 персонализирани темплејти

Час 3: Работа со податоци и извештаи

  • Креирање и проверка на Excel формули со помош на ChatGPT
  • Генерирање текстуални извештаи од табели
  • Подготовка на финансиски извештаи за клиенти со препораки
  • Основи на комбинирање Excel податоци и ChatGPT
  • Практична вежба: месечен извештај за клиент со автоматски текст

Час 4: Напредни примени и завршен проект

  • Анализа на комплексни податоци (трендови, трошоци, приходи)
  • Подготовка на документи за институции (УЈП, банки, инспекции)
  • Креирање на AI работни текови (поврзување со други алатки)
  • Преглед на дополнителни AI алатки за сметководители
  • Практична вежба: автоматизација на реален процес