Анја е сениор маркетер со долгогодишно искуство во inbound и outbound маркетинг за интернационални компании. Специјализирана е за е-маил маркетинг и CRM, со силен фокус на креирање кампањи што градат доверба и носат резултати.
Моментално работи како Email Marketing Lead во Hyperight AB, каде што го развива и води целиот е-маил маркетинг за повеќе интернационални конференции.
На курсот за е-маил newsletter-и ќе покаже како малите бизниси можат со едноставни чекори да изградат листа на клиенти, да креираат автоматизации и да подготват кампањи што продаваат. Сѐ е практично, со конкретни вежби и алатки кои можете веднаш да ги примените.