Димитар Бојчев
3DS MAX Дизајнер

Има 6 години искуство со 3D визуелизација користејќи 3ds Max, Corona и Vray – специјализиран за ентериери, екстериери и продукт моделирање (hard surface).
Поголемиот дел од своето искуство го стекнал работејќи за странски компании, како и како фриленсер со архитекти, дизајнери и агенти за недвижности од различни земји.
Благодарение на добрите комуникациски вештини, искуството и фактот дека е самоук, верува дека може искрено и јасно да го пренесе своето знаење на сите кои сакаат да навлезат во светот на 3D визуелизацијата.