Сања Костадиновска
Operations Manager и Customer Support Specialist

Сања Костадиновска е Operations Manager со силно искуство во управување со процеси, тимови и постојана комуникација со клиенти. Во својата работа секојдневно се соочува со организација, решавање проблеми и обезбедување брза и ефикасна поддршка – вештини што претставуваат основа за успешна кариера во customer support.
Како ментор, Сања го комбинира практичното искуство со јасен и структуриран пристап, за да им помогне на учесниците да развијат професионални комуникациски вештини, да управуваат со притисок и да се справат со различни ситуации и типови на клиенти.
Низ курсот ќе сподели реални примери и техники кои може веднаш да се применат во пракса, со цел учесниците да се подготват за кариера во customer support – една од најдинамичните и најбараните професии во светот.