Курс за лични финансии - Оптимизирање на месечен буџет

Престани да се прашуваш каде ти исчезнува платата – создај план што носи мир и сигурност

Почеток: 29-ти Септември (пон.)

Времетраење: 4 предавања по 90 минути

Распоред: понеделник и среда (19.00-20.30)

Цена: 5200 ден

Ниво: почетник

Електронски сертификат: за успешно завршен курс

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања контактирај не за телефонски број или на Viber на 077648049.

Или веднаш резервирај го твоето место со онлајн уплата

Започни со Оптимизирање на Личните Финансии: Што ќе научиш на курсот?

  • ✅ Ќе сфатиш каде ти одат парите секој месец, наместо да се прашуваш „каде исчезнаа?“

    ✅ Буџетот конечно ќе стане твоја алатка – а не лист хартија што стои во фиока

    ✅ Кредит? Ќе научиш кога е паметно решение, а кога ризик што носи проблеми

    ✅ Нема повеќе „мали протекувања“ – ќе знаеш како да ги намалиш непотребните трошоци

    ✅ Инвестирањето нема да биде мистерија, туку јасни чекори што можеш да ги почнеш веднаш

    ✅ И најважно – ќе изградиш систем што ти носи мир и сигурност за иднината

Запознај го менторот

Дејан Мирчевски

Финансиски Консултант

dejan-mirchevski

Со повеќе од 14 години во финансискиот сектор, Дејан е човек кој зад бројките секогаш гледа вистински животни ситуации. Работел со клиенти во различни фази од нивниот пат – од оние кои се борат со секојдневни трошоци до оние кои планираат поголеми инвестиции.

Она што го издвојува е способноста сложените финансиски проблеми да ги претвори во едноставни и применливи решенија. Наместо апстрактни совети, нуди јасни насоки кои помагаат да внесеш ред во сопствените финансии и да градиш стабилна иднина.

Неговата цел не е само да пренесе знаење, туку и да покаже дека финансиската писменост може да биде практична вештина која секој може да ја совлада – и да ја претвори во сила за повеќе слобода и сигурност.

Неколку важни точки

Почеток:  29-ти Септември (пон);

Времетрање: 4 предавања по 90 минути;

Распоред: понеделник и среда ( 19.00-20.30);

Цена: 5200 денари;

Како да го резервираш твоето место?

Ако веќе ги разгледа сите детали и знаеш дека сакаш да се приклучиш, сега е вистинскиот момент. Со еден клик ја правиш уплатата и местото ти е веднаш резервирано.

По уплатата, ќе добиеш е-маил потврда и ќе те исконтактираме со сите следни чекори.

Доколку имаш прашања, можеш да нè контактираш на 077 648 049 (и на Viber).

Курс – Лични финансии: Оптимизирање на месечен буџет

Ден 1: Основи на лични финансии

  • Приходи и расходи – како да го разбереме паричниот тек
  • Финансиски навики и психолошки аспекти (емоции и пари)
  • Основи на стабилна финансиска иднина – штедење

Ден 2: Буџетирање

  • Модели за буџетирање
  • Алатки за следење на буџет (Excel, апликации, хартија)
  • Разликување фиксни vs. варијабилни трошоци

Ден 3: Кредити и намалување на трошоци

  • Кредити: видови, камати, ризици, кредитна способност
  • Кога е паметно, а кога ризично да земеш кредит
  • Идентификација на непотребни трошоци и стратегии за оптимизација

Ден 4: Инвестирање (вовед) и финансиски цели

  • Инвестирање: акции, обврзници, недвижнини (основи)
  • Разбирање на ризик vs. добивка
  • Итен фонд, финансиска резерва и поставување цели
  • Повторување: штедење, буџетирање, кредити, инвестирање – како да ги комбинираш