Билјана Димитриевска е основач и CEO на платформата SkillSpotterZ, специјалист за глобално далечинско („remote“) вработување, со повеќе од 10 години искуство во HR и регрутација, со седиште во САД. Во својата кариера, континуирано работи со виртуелни асистенти, фриленсери и далечински професионалци од Европа, Азија и Јужна Америка, подготвувајќи ги за глобални работни места во економски силни пазари како САД, Велика Британија, Канада и Австралија.
Како ментор, Билјана комбинира практично знаење и реални примери за да им помогне на учесниците да ги позиционираат своите вештини, да изградат препознатлив личен бренд и профил што привлекува клиенти, и да дојдат до високо платени далечински можности — дури и без претходно искуство.