Летен Bootcamp за SCRUM

Почеток: 18-ти јуни (вторник)

Времетраење: 2 месеци

Цена: 230 ЕУР (плаќање на рати без камата)

Настава: Онлајн + снимен материјал

Ниво: Почетно

Распоред за настава:

➡️6 недели предавања
➡️2 недели работа на проекти и задачи
Денови на предавања: вторник – четврток (18:30-20:30ч.)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.

Или веднаш резервирај го твоето место со уплата на прва рата!

Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што ќе научиш

Основи на Agile и Scrum

Основните концпети на Agile методологијата, вклучувајќи ги принципите на Scrum како фокус на транспарентност, инспекција и адаптација

Разлики помеѓу Waterfall и Agile

Ќе ги разбереш клучните разлики помеѓу традиционалниот Waterfall модел и Agile пристапот, кои помагаат за примена на соодветен методолошки пристап

Улоги во Scrum тим

Кои се специфичните улоги во тимот, обврските на product owner, scrum master и девелоперите

Scrum артефакти и настани

Ќе научиш да користиш и управуваш Product Backlog и Sprint Backlog, како и Scrum настани Sprint Planning и Daily Scrum.

Техники за проценка и приоритизација

Ќе стекнеш вештини за проценка на обемот на работа и како да се приоритизираат задачите во продуктниот backlog (story points и planning poker)

Практично водење на Sprint и ретроспектива

Како се води и управува со Sprint, планирање, извршување и преглед, како и спроведување на Sprint Retrospective

Програма

  • Преглед на Agile методологиите
  • Основни концепти и принципи на Agile
  • Предности и предизвици при воведувањето на Agile практиките
  • Опис на Waterfall моделот, вклучувајќи ги неговите последователни фази
  • Споредба помеѓу Waterfall и Agile во однос на процес, флексибилност и вклучување на повратни информации
  • Ситуации во кои едниот може да биде поприфатлив од другиот
  • Основа на Scrum практиките: транспарентност, инспекција и адаптација
  • Важноста на секој принцип во Scrum процесот
  • Како овие принципи афектираат врз однесувањето и одлуките на Scrum тимот
  • Компоненти на Scrum рамката: улоги, настани, артефакти и правила
  • Како рамката го води процесот на развој
  • Визуализација на Scrum работниот тек
  • Детални улоги и одговорности на Product Owner, Scrum Master и тимот на девелопери
  • Односот и интеракцијата помеѓу овие улоги
  • Клучни разлики и како тие соработуваат за да обезбедат успешен продукт
  • Објаснување на Product Backlog, Sprint Backlog и Increment
  • Улогата на артефактите во одржувањето на транспарентноста и поттикнувањето на комуникацијата
  • Како се создаваат, одржуваат и користат артефактите во Scrum проект
  • Техники за проценка на задачи и димензионирање на кориснички приказни (на пример, story points, planning poker)
  • Методи за приоритизација на backlog, вклучувајќи бизнис вредност, технички ризик и зависности
  • Важноста на ефективната приоритизација за максимизирање на испораката на вредност
  • Концептот на Sprints во Scrum: временски ограничени интервали за создавање на usable product increment
  • Структура на Sprint, вклучувајќи планирање, извршување, преглед и ретроспектива
  • Предизвици и најдобри практики за управување со Sprints
  • Детален преглед на Sprint Planning, Daily Scrum, Sprint Review и Sprint Retrospective
  • Цели и учесници на секој настан
  • Како секој настан придонесува за успехот на проектот и динамиката на тимот

Запознај го инструкторот

Горан Аврамоски

QA Engineer

Горан Аврамоски е искусен QA инженер во RLDatix & Allocate Macedonia, кој има желба да го споделува и пренесува своето досегашно искуство работејќи на бројни проекти како QA специјалист. Со помош на Горан ќе ги научиш SCRUM методологиите кои се клучен ресурс за управување со сложени проекти!

Пријавување

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток: 18-ти јуни (вторник)

Времетрање: 2 месеци;

Распоред: вторник – четврток (18.30-20.30)

Цена: 230 ЕУР

За да аплицирате на овој Bootcamp, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 075 407 446.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со наставата.