Летен курс - Анализирање на податоци со Python

Научи како се користи најпопуларниот програмски јазик за анализа на податоци

Почеток: 30ти Август

Времетраење: 6 дена

Цена: 3500 денари

Пон-Среда-Петок (18.30 до 20.30)

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што е Data Analysis и каде се користи

Data Analysis е процесот на обработка на голем број податоци и нивно претварање во нешто разбирливо и корисно. Преку откривање трендови и повторувања, можеме да правиме предвидувања и да најдеме нови информации кои ни помагаат да донесеме поквалитетни одлуки. Анализата на податоците има повеќе аспекти и пристапи, опфаќајќи различни техники под различни имиња и се користи во различни области како здравство, маркетинг, продажба, осигурување, ИТ и многу други индустрии.

Во денешниот бизнис свет, анализата на податоците игра главна улога во донесувањето одлуки кои им помагаат на бизнисите да работат поефективно и да донесуваат подобри одлуки. Постојат голем број компании кои користат Data Analysis. Некои од нив се посебно познати како Tesla, Tesco, Nintendo и Spotify.

Банкарство

Банките ги користат податоците за да разберат како нивните клиенти ги користат нивните сметки и да помогнат во идентификувањето на безбедносните ризици. Тие, исто така, користат големи податоци за да одредат како најефикасно да управуваат со локациите на нивните филијали и да постават цели за изведба засновани на локација. Инвестициските банки сега се многу инвестирани во користење на големи податоци за да ги разберат пазарите и да донесат паметни одлуки за тргување.

Производство

Производните индустрии генерираат огромен број на податоци од последните неколку години. Податоците не се само во огромни количини, туку се сложени и тешки за ракување, што ги прави главен кандидат за анализа на податоци. Тие инвестираат во алатки за предвидлива аналитика и дигитализација за да донесуваат поефикасни одлуки водени од обработените податоци.

Здравство

Податоците одамна се клучни за лекарите кои се обидуваат да дознаат, врз основа на анализа на голем број податоци собрани од многу пациенти, кој опсег на крвниот притисок е нормален или колку шеќер треба да консумирате секој ден. Сега, здравствената индустрија користи аналитика на податоци за да одговори на поголеми, посложени прашања. Во иднина, собирањето податоци преку паметните телефони ќе може да им помогне на лекарите да ги разберат нивните пациенти на уште подлабоко ниво, што би значело заштеда на пари и обезбедување подобра нега.

Запознај го инструкторот

Теа Јанева

Data Analyst

Теа веќе 3+ години работи во индустријата, а моментално работи дата аналитичар (data analyst) во Influencers.club. Поседува знаење и искуство поврзани со обработка и анализа на податоци, донесувајќи ги до облик кој ќе биде јасен и лесен за работа како и средување на самата база со нив. Теа секојдневно користи функционалности од библиотеки од Python, работи со структуирани и неструктуирани бази (SQL, NoSQL) и има познавање од Machine Learning, Deep Learning и NLP. Знаење и искуство кои ќе бидат претставени и адекватно пренесени во нашата академија.

ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
курсеви организирано
0 +
учесници
0 +
инструктори во тимот
0

Што велат нашите учесници

Што по завршување на курс во SMX

Електронски сертификат за успешно завршен курс

Видеа и задачи од сите предавања

Додавање во платформата на SMX

Зошто компаниите вработуваат Дата аналитичари

Подобро да ги разберат потенцијалните клиенти

Подобри бизнис одлуки базирани на докази

Им помагаат на бизнисите да останат проактивни и иновативни

Намалување на оперативните трошоци

Што ќе научиш

Креирање на датабази

Собирање и обработка на податоци

Анализа и групирање на податоци

Креирање на финални извештаи

Пријавување

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток:

30ти Август

Времетраење:

6 дена

Распоред:

Понеделник-Среда-Петок (18.00 до 20.00)

Цена:

3500 денари

  • Целосно изучување на библиотеката Pandas како главна библиотека за анализа на податоци
  • Библиотеката Matplotlib за визуелизации
  • Финален проект за практична употреба на библиотеките