Сара е искусен финансиски професионалец со специјализација во сметководство и QuickBooks Online. Таа има работено со клиенти од САД и Европа, каде има поставено јасни и ефикасни процеси за финансиско следење, автоматизација и креирање извештаи.
Досега има одржано повеќе од 5 термини од овој курс и подучила над 100 учесници со фокус на практична примена и индивидуален пристап кон секој учесник.
Во моментов, таа е вработена во меѓународна консултантска компанија, каде секојдневно го користи QBO во реална комуникација со интернационални клиенти.