
Елена е продукт менаџер со неколку годишно искуство во целокупниот продукт менаџмент процес.
Своето работно искуство го има стекнато со активна работа на широк спектар на проекти во различни средини, што ѝ овозможува практичен пристап при градењето и подобрувањето на продуктите.
Елена смета дека при изучување на нова област можат да се постигнаг одлични резултати преку дисциплина, продуктивна средина и соработка. Начинот на кој го споделува своето знаење е преку јасно структуирање на материјалот, примери од реалниот свет и практична работа, помагајќи им на другите да стекнат длабоко разбирање на улогите и процесите во продукт менаџментот.