Воведен курс за програмирање со Java

Научи ги основните концепти на програмирањето, илустрирани со програмскиот јазик Java

Пријави се за следен термин

Времетраење: 6 предавања

Сертификат за успешно завршен курс

Ниво: Почетник

Настава: Онлајн (Zoom)

Пополни ја кратката форма и нашиот тим ќе те контактира наскоро.
Доколку имаш прашања и консултации, кликни на копчето Контактирај не за телефонски повик.

Што ќе научиш

✔  Основи на објектно-ориентирано програмирање

✔  Типови податоци

✔  Променливи

✔ Оператори и операции

✔ Концептите за if-else, while, for

✔ Податочни структури за организација на податоци

✔ Креирање и дебагирање на мали апликации со помош на работната околина Eclipse

✔ Аналитичко размислување и креирање на мали апликации

Опис на курсот

Java е популарен програмски јазик, креиран во 1995 година, во сопственост на компанијата Oracle и моментално над 3 милијарди уреди користат Java. Заради големата популарност и употребливост, Java се користи за:

 

  • Мобилни апликации (Android)
  • Десктоп апликации
  • Веб апликации
  • Веб сервери
  • Игри
  • Поврзување на датабази

 

Java се користи бидејќи е лесен за учење и едноставен за работа, како програмски јазик тој е безбеден, брз и моќен, а дополнително има и голема заедница на светско ниво од луѓе кои професионално се занимаваат со оваа технологија.

Зошто курс за програмирање со Java во SMX

Вовед во програмирање со Java ги опфаќа основните концепти на
програмирањето, илустрирани со програмскиот јазик Java. Во рамките на
курсот се опфатени воведни теми од областа на програмирање (типови
податоци, променливи, оператори и операции, концептите за if-else, while, for, како и некои едноставни податочни структури за организација на податоци).

Што ќе научите

• Совладување на основите на објектно-ориентираното програмирање, сопомош на програмскиот јазик Java;

• Креирање и дебагирање на мали апликации со помош на работната околина Eclipse;

• Аналитичко размислување и креирање на мали апликации.

Запознај jа инструкторката

Теодора Лозановска

 Web Developer

Теодора Лозановска е дипломиран инженер по информатички науки и комуникациско инженерство. Поседува знаења од областа на програмирањето, веб дизајн, дигитален маркетинг, менаџмент, јавно говорење и организирање и планирање на настани. Личност која е креативна, иновативна и комуникативна.

SMX - ЗА НАС

Како тим составен од млади лица полни со енергија и ентузијазам за учење и растење, ние во SMX Academy се стремиме да обезбедиме професионална обука за сите поединци кои сакаат да се стекнат со нови или да ги унапредат своите основни знаења и вештини од сферата на бизнис, маркетинг и ИТ индустријата.

Што имаме постигнато

години постоење
0
курсеви организирано
0 +
учесници
0 +
компании со кои соработуваме
0

Што велат нашите учесници

Што по завршување на курс во SMX

Сертификат за успешно завршен курс

Видеа и задачи од сите предавања

Додавање во платформата на SMX

За кој е наменет овој курс

Почетници во светот на програмирањето

Секој што сака да научи објектно ориентирано програмирање

Секој што е заинтересиран да развива Android апликации

Freelancers

Почетници кои сакаат да го научат и применат за напредок во кариерата

Пријавување

За да аплицирате на овој курс, потребно е да ја пополните кратката форма со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ, или директно да не контактирате на телефонскиот број 077 648 049.

Штом ја добиеме вашата апликација, нашиот тим непосредно после тоа, ќе ве контактира телефонски, преку Viber или email каде ќе ги покриеме сите најважни точки кои ве интересираат за приклучување кон групата и започнување со курсот.

НЕКОЛКУ ВАЖНИ ТОЧКИ:

Почеток:

11.05.2023

Времетраење:

6 предавања два пати неделно, (вторник и четврток)

Распоред:

од 18.00 до 20.00 часот

Цена:

3 800 денари