Што те очекува на обуката за Product & Project Management: Водство и насоки од ментор Елена Стефановска
- септември 17, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Product & Project Management Product & Project Management Bootcamp

Зад секој успешен производ стои Product Manager, а зад секој добро завршен проект – Project Manager. Оваа обука те учи како да ги водиш тимовите, да организираш процеси и да лансираш производи со сигурен план. Менторите Елена Стефановска, продукт менаџер со повеќегодишно искуство, и Горан Лазаров, senior scrum master со над 10 години во водење комплексни проекти, ќе ти покажат како идејата се претвора во вистински резултат.
1. Кои индустрии и компании најчесто бараат Product & Project Managers денес?
Искрено, каде и да има клиенти и промени – има потреба од Продукт менаџер. Тек-компании и SaaS, финтек и банки, е-трговија и малопродажба, телекомуникации, производство или логистика. Продукт менаџерите се барани и во стартапи и во скејлапи, но и во корпоративни тимови, агенции и консултантски компании. Нивната задача е да го претворат „што навистина е потребно“ во „што навистина ќе се испорача“, обезбедувајќи вистинска вредност за производот.
2. Во кои кариерни патеки најчесто продолжуваат студентите по завршување на обуката?
Обуката за Продукт менаџмент отвора врати кон многу позиции – и во ИТ и надвор од него. Учесниците можат да започнат како Associate/Junior Product Manager, но лесно се вклопуваат и во улоги како:
• Product Owner
• Project/Delivery Coordinator
• Business Analyst
• Growth/Product Marketing
• Operations Manager
Со стекнатото знаење и идното искуство можат да се насочат и кон User Experience или Research позиции.
3. Зошто сега е добар момент да се влезе во Product & Project Management – не како моден тренд, туку како паметен кариерен избор?
Product & Project Management создава цврста основа за многу идни улоги: гради и people skills и craft skills, а воедно и mindset кој носи радозналост, одговорност, одлучност, упорност и способност за решавање проблеми. Денес организациите постојано се трансформираат – дигитализација, вештачка интелигенција, нови регулативи, различни очекувања од корисници, силна конкуренција. Затоа им се потребни луѓе кои носат јасни одлуки и умеат да се прилагодат – токму тоа го нуди добриот Продукт менаџер.
4. Кој дел од програмата е најинтересен за учесниците?
Секој дел од програмата е интересен, но би ги издвоила Idea Generation, Market Research и Design. Idea Generation е првиот чекор во процесот на продукт-девелопмент и поставува темели што ќе бидат клучни и за останатите теми. Сепак, секоја лекција носи своја динамика, бидејќи самата улога на Продукт менаџер бара широки интереси и вештини.
5. Како се делат улоги во тим и како секој учесник вежба различна одговорност?
Во развојот на еден продукт секој член треба да е доволно инволвиран за да даде квалитетен придонес. Чести улоги се:
• Product Owner – ја води директната реализација на решението.
• Delivery Manager – обезбедува ефикасност на тимовите, особено кога повеќе продукти се испорачуваат паралелно.
• Development Manager – го следи техничкиот дел и тесно соработува со Product Owner.
Во програмата постои посебно поглавје со практични вежби за секоја улога, за учесниците да стекнат емпатија, соработка и други клучни soft skills.
6. Кои конкретни soft skills студентите ги усовршуваат паралелно со техничките?
Покрај craft skills, голем акцент се става на soft skills:
• Активно слушање – разбирање на суштинските потреби.
• Комуникација – јасно и навремено споделување информации.
• Лидерство и влијание – движење на тимот кон заедничка цел.
• Соработка – донесување одлуки со вклучени различни тимови.
• Менаџирање на луѓе – градење безбедна и поттикнувачка средина.
• Емпатија и емоционална интелигенција – разбирање и регулирање на сопствени и туѓи емоции.
7. За некој што размислува да започне кариера во Product Management – зошто оваа програма е вистинското место за старт?
Затоа што нуди темелно разбирање на Продукт менаџментот преку реални примери, интерактивни вежби и директна комуникација со искусен инструктор. Целта е длабинско учење и практична примена, а не само површно запознавање со темата.
Со поддршка од Елена Стефановска, продукт менаџер со повеќегодишно искуство, и Горан Лазаров, senior scrum master со над 10 години во водење комплексни проекти, ќе научиш да водиш тимови, да организираш процеси и да лансираш производи со сигурен план. За 3 месеци учење + 1 месец работа на реални проекти ќе стекнеш знаење што веднаш можеш да го примениш и европски акредитиран сертификат (CPD) што отвора врати на домашниот и меѓународниот пазар.
👉 Почнуваме во октомври 2025 – пријавувањето е во тек.
🌐 Пријави се тука: https://smx.mk/product-project-bootcamp