Q&A со Елисавета Крстева, учесничка на курсот за SEO (Вработена во SEO компанијата Megantic по завршување на курсот)
Дали знаеше дека по успешно завршување на курсот за SEO имаш можност да се вработиш во голема SEO компанија – Megantic?
Заедничката соработка со Megnatic до сега создаде бројни кариерни можности за многу студенти кои беа дел во повеќе од 8 термини на курсот за SEO почнувајќи од 2022 година до денес, што е всушност главната мотивација за 3-месечниот SEO Bootcamp кој со помош на тим од SEO експерти од Megantic заедно го креиравме, каде што секој студент по завршување на 2 месеци интензивно учење (теоретски дел) ќе има можност за работа на реални проекти (практичен дел) токму за Megantic!
Дознај повеќе за нашиот SEO Bootcamp тука, или продолжи да го читаш интервјуто со Елисавета во кое таа ни го сподели своето искуство.
Денес разговараме со Елисавета, која беше учесничка на курсот за SEO, а потоа доби и можност за вработување во Megantic. Преку неколку прашања ве водиме низ целокупното искуство на Елисавета, кое можеби ќе ви биде мотивацијата која ви е потребна за да превземете чекор кон кариера од соништата.
1. Зошто се одлучи за курсот за SEO во SMX?
За курсот дознав сосема случајно на интернет. Без многу размислување се пријавив, со цел да научам што е SEO и на кој начин ја зголемува видливоста на една веб-страница.
2. Што научи на курсот (издвој модул/дел кој најмногу ти се допадна, и наведи ни 3 причини зошто?)
Курсот е многу едукативен, сеопфатен, и би го препорачала на секој што сака да се стекне со нови знаења или да ги надогради основните знаења за SEO.
Научив стратегии за истражување и избор на клучни зборови, on-page и off-page стратегии за оптимизација, анализа на конкуренцијата, анализа на веб-страницата и следење резултати и извештаи.
Ми се допадна тоа што материјалот беше презентиран на начин кој е лесно разбирлив, инструкторот успешно го пренесе своето знаење и беше достапен и подготвен во било кое време да одговори на сите наши прашања.
3. Дали имаше претходно познавање од SEO? Колку курсот ти помогна добро да се запознаеш со SEO?
Немав претходно познавање од SЕО, но курсот е многу добро организиран, прилагоден за почетници, и ми овозможи знаење и сигурност во поглед на оваа тема.
4. Накратко опиши ни го твоето досегашно искуство во Megantic. Како го применуваш знаењето стекнато на курсот?
Приемот и обуката во Megantic, со високо ниво на колегијалност, тимска работа и професионалност е значајно за секој кој сака да напредува во својата професија. Знаењето што го стекнав од овој курс го применувам веќе една година и ми овозможува секојдневен успех и напредок во работата.