Растечкиот тренд на Freelancing
- април 3, 2020
- Објавено од: Вера Тимова
- Категорија: Freelancing ,
Овие денови, повеќето од нас работат надвор од своите канцеларии.
Можеби вообичаено работите од дома еднаш неделно, одговарате на повици во автобус, па дури и читате меилови кога седите на кафе со пријатели. Но, деновиве сме присилени да работиме од дома поради ситуацијата со коронавирусот.
Доколку ситуацијата беше различна, замислете да можевте да работите од плажа или секој ден од различно место. Денешната технологија го прави сето тоа сосема возможно и релативно лесно, а насоките за како да започнеме со фриленсинг се насекаде!
Сè повеќе и повеќе луѓе го преферираат овој начин на живот, а можеме да замислиме зошто.
Во едно неодамнешно истражување од страна на Remote Year, ги имаме излистено најголемите можни придобивки од фриленс работење, како и некои од најголемите предизвици. Еве некои од најинтересните.
Популарноста на Freelancing се зголемува
Freelance работата не е нов поим, но дефинитивно популарноста на фриленсинг расте. Според студијата, во која биле анкетирани скоро 4.000 фриленсери, 73% од нив се оддалечиле од работата во канцеларија во последните 4 години.
И трендот не покажува знаци на стопирање, при што скоро 80% од испитаниците имаат за цел да работат колку што можаат подолго по тој принцип.
Работодавците исто така одбиваат да бидат врзани на едно место
Придобивките од фриленсинг се обострани. Работниците можат да стекнат слобода и флексибилност, а пак за работодавците најголемата придобивка е што можат да ја изберат најсоодветната и најквалификуваната личност за работата, без оглед каде и да се наоѓаат. Во многу случаи, тие добиваат попродуктивни работници. Во истражувањето за продуктивноста на работното место, 86% од работниците изјавиле дека самостојното работење им овозможува да бидат најпродуктивни.
Компании како Buffer, Stack Overflow и Zapier покажуваат како е можно да се изградат успешни компании со целосно фриленс работни места.
Всушност, повеќе од 23% од фриленсерите припаѓаат на целосно дистрибуирани организации.
Фриленс работење доаѓа со уникатни предизвици
Трендот можеби расте, но носи со себе некои уникатни предизвици. 30% од фриленс работницити се борат со осаменост, при што недостаток на заедница е број еден предизвик за нивната среќа. Една третина од фриленс работници имаат проблем да се исклучат од работниот мајндсет на крајот од работниот ден и тоа им влијание на нивната продуктивност, а пак 20% се борат со разликите во временската зона, што може да ги комплицира или забави временските рокови.
Постои можност за развивање на бизнис за решавање на некои од овие проблеми, бидејќи 47% од анкетираните фриленсери мислат дека на пазарот нема доволно алатки и технологии со кои би се решиле овие специфични предизвици.
Постои голема разлика во заработувачката
Фриленс работници во одредени индустрии и професии можат подобро да ги искористат финансиските придобивки од овој стил на живот. Фриленс инженерите се најмладата група на фриленсери, со просечна возраст од 31 година, но тие се исто така професија со најголема заработка, 19% заработуваат 100,000 долари годишно или повеќе.
Искуството во оваа област е од големо значење. 18% од оние кои работеле фриленс 7 години или повеќе заработуваат над 100 илјади долари годишно.
Родовата нееднаквост во платите е исто така присутна: машките фриленсери имаат поголема веројатност да заработат шест бројки отколку жените (13% наспроти 8%) – сепак, жените настојуваат да го променат овој тренд!
Работата како фриленс не е само за плаќање на сметките
Разликите во фриленс платити се интересни, но на крајот од денот, повеќето фриленсери го избраа животниот стил поради друга причина освен финансиите. Мнозинството го избра ова за да има слобода и флексибилност, без разлика дали го живее номадскиот живот или едноставно работат од каде сакаат.
83% од фриленсерите сè уште генерално работат од своето родно место, но поновите фриленсери го избираат овој животен стил за да можат да комбинираат работа и патување. 24% од испитаниците се опишани како дигитални номади, а 17% патуваат во 5 или повеќе земји годишно.
За трендот на фриленс работење едноставно може да речеме дека оди само во нагорна насока и не гледаме тоа да биде поинаку во наредните неколку декади.