Разговор со Ѓорги, координатор на програмата за JavaScript преку која 83% од учесниците се вработија
- мај 26, 2023
- Објавено од: Hristina Kolova
- Категорија: Fullstack програмирање со JS Блог за дигитални вештини Успешни приказни
Често пати од учесниците покрај споделенто мислење за инструкторите добиваме по неколку пофални зборови за еден член од тимот особено заслужен за неперечно одвивање на наставата, достапност и подршка за студентите за време на предавањата како и по завршување, со кариерни насоки, подготовки на професионално портфолио како и препораки за студентите во бројни компании каде многу од нив денес се дел.
Запознај го Ѓорги Митев, координатор на обуките (курсеви/Академии) во SMX!
1. Накратко запознај не со тебе?
Моето име е Ѓорги, и веќе две години сум дел од тимот во SMX како координатор во SMX. Своето искуство во менаџирање го стекнав уште во своите 20 години за време на мојата работа на Крузер каде имав различни должности меѓу која е и менаџирање/координирање на тимови. Дополнително, имав можност да прошетам голем дел од светот, и комуникацијата со луѓето беше тоа што ме исполнуваше постојано, па оттаму и желбата понатаму кариерно да се определам за ваква професија.
2. Во SMX работиш како координатор на обуките, кој е твојот омилен дел од работата?
Најомилен дел од работата ми претставува кога некој од учесниците, по завршената обука го имплементира стекнатото знаење во работата од соништата.
3. Какво е твоето досегашно искуство како дел од SMX тимот?
Како што претходно спомнав дел сум од SMX тимот веќе две години, секојдневно сум опкружен со луѓе полни со амбиција и ентузијазам, каде сите заедно на еден начин целиме кон заедничка цел: да овозможиме едукација на секој и секаде во Македонија.
4. Што по завршување на Академија во SMX? Опиши ни накратко како SMX понатаму има удел во кариерниот пат на студентите?
По завршувањето на Академија, сите учесници добиваат инструкции како да ги оптимизираат нивните онлајн профили. Се даваат конкретни инструкции како и по завршувањето да продолжат да го надградуваат нивното знаење. Вршиме пробни интревјуа, кои им помагаат да ја зголемат нивната самодоверба. Во текот на целиот процес им помагаме да се поврзат со фирми со кои ние соработуваме како и фирми кои нудат опции за вработување за специфичната технологија кои тие ја бараат.
5. Која е твојата порака до сите идни студенти во SMX?
Нашата мисија е да ви ги обезбедиме алатките, ресурсите и поддршката кои ви се потребни за да ги постигнете вашите цели. Без разлика дали вашата цел е да стекнете нови вештини, да напредувате во кариерата, да истражувате нова тема или едноставно да го подобрите вашиот личен раст, во SMX ќе најдете тим кои ќе ве подржува и после вашата едукација.