Што е Blockchain и како да станеш Blockchain Developer
- март 22, 2022
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Full-Stack Програмирање
Зошто блокчејн технологијата го револуционира самиот финансиски свет и ги промени нашите гледишта?
Blockchain. Што е тоа?
Blockchain технологијата може да биде дефинирана како децентрализирана и дистрибуирана книга која содржи податоци и информации со дигитална содржина, што може да биде споделена и гледана од страна на сите корисници.
Наједноставна аналогија за тоа би било едноставен Google Документ. Кога го креираме документот и го споделуваме со одредена група на луѓе, документот се дистриубира наместо да се копира или пренесе. Самиот процес создава децентрилизиран синџир на дистрибуција кој на сите им дава пристап до документот во исто време. Никој не е заклучен да чека промени од друга страна, додека сите промени на документот се евидентираат во реално време, што ги прави промените целосно транспарентни.
Очигледно дека блокчејн технологијата е многу покомплицирана од обичен Goolge документ, но аналогијата е прикладна бидејќи ги покажува трите главни карактеристики на самата технологијата.
Кратка историја?
За почетоците на оваа технологија сè уште се дебатира, но многумина се согласуваат дека започнала во 2008 година во периодот на светската економска криза. Многу ентузијасти на криптологијата во тој период, кои биле ситуирани во Сан Франциско се умориле од центализирината природа на банкарскиот систем и почнале да разговараат на различни интернет форуми за да пронајдат решение и алтернатива на централизираниот систем.
Во ноември истата година, лице кое се претставило како Satoshi Nakamoto, објавил сега веќе познат “white ledger” кој се фокусира на систем за електронско плаќање во готовина меѓу двa субјекти. Таканаречениот ”white ledger” понудил увид, како оваа технологија може да се користи за замена на централизираните финансиски институции. Каде за првпат беше имплементирана во јануари 2009 година.
Традиционалниот банкарски и бизнис ситем е централизиран, што значи документот што означува кој што поседува или кој кому му должи, се чува во приватна база на податоци која за безбедност и за евиденција на тие податоци се потпира на надзорниот орган задолжен за чување на истите. Според тоа системот зависи од довербата на луѓето дека банката или бизнисот правилно ги раководат и следат трансакциите на парите и информациите поврзани со тоа, на самите луѓе. Секоја грешка на оваа гранка на одговорност и на самата нивна структура може да претставува голем проблем, бидејќи повеќето луѓе не се запознаени со самите банкарски закони и што точно прават банките со парите на нивните клиенти. Пред глобалната економска криза во 2008 година никој не ни помислувал дека банките несоодветно управуваат со финансиите на нивните клиенти и дека континуирано преземале ризични чекори и давале ризични кредити на одредени клиенти. Прекршувањето на финансиската доверба која луѓето ја имале во банките, како и самото хакирање на самите приватни податоци придонело до развивање на оваа технологија.
Како функционира самиот Blockchain?
Блокчејнот содржи три важни концепти: blocks(блокови), nodes(јазли) и miners(рудари).
- Blocks (блокови)
Секој синџир содрижи неколку блокови и секој блок има три основни елементи.
- Соджината во самиот блок
- 32-битен број кој се вика nonce, кој се генерира по случаен избор кога самиот блок е креиран, што потоа генерира хаш на заглавието на блокот.
- Хашот е 256-битен број поврзан со nonce. Мора да започне со голем број на нули (т.е. да биде многу мал)
Кога првиот блок во синџирот е креиран, nonce го генерира криптографичкиот хаш. Содржината во самиот блок се смета за потпишана и засекогаш поврзана со nonce и самиот хаш, освен ако не се ископани.
- Miners (рудари)
Рударите креираат нови блокови на синџирот преку процес кој се нарекува рударење. Во блокчејнот секој блок има свој уникатен nonce и хаш, но исто така го референцира хашот на претходниот блок во самиот синџир. Што значи дека рударењето на блокот не е едноставен процес посебно во големите синџири.
Рударите користат специјален софтвер за да го решат овој неверојатно комплексен математички проблем за наоѓање nonce кој генерира прифатлив хаш. Бидејќи nonce содржи само 32 битови, а хашот 256, постојат од прилика 4 милјарди можни комбинации кои мора прво да се ископат пред да се најде вистинската. Кога ќе се постигне тоа блокот на рударите се додава на синџирот на блокчејнот.
Правејќи промени во било кој од преходните блокови во синџирот, значи повторно рудирање не само на блокот каде што е промената туку и на сите последователни блокови. Затоа е неверојатно тешко да се манипулира блокчејн технологијата.
Кога блокот е успешно ископан, промената е прифатена од сите нодови на мрежата и рударот е награден финансиски.
- Nodes (јазли)
Еден од најважните концепти на блокчејн технологијата е децентрализацијата. Ниту еден компјутер, но и ниту една организација не може да го поседува синџирот. Наместо тоа, тоа е дистрибуирана книга помеѓу јазлите поврзани со синџирот. Јазлите може да бидат каков било вид на електронски уред кој одржува копии од блокчејнот и ја одржува мрежата да функционира.
Секоја јазла има своја копија од блоклејнот каде мрежата мора алгоритмички да одобри секој нов блок кој е претходно ископан за да може синџирот да биде ажуриран, доверлив и потврден. Бидејќи блокчејнот е транспарентен, секоја промена може да биде проверена. На секој клиент му се доделува ID број кој ги покажува нивните трансакции.
Комбинирањето на информации од јавен карактер со систем на проверки му помага на блокчејнот да го одржи интегритетот и да создава доверба меѓу самите корисници.
Поради карактеристикте кои ги поседува, блокчејн технологијата придонесе до промена на начинот на размислување и начинот на кој може да извршуваме доверливи трансакции.
Блокчејн технологијата постојано напредува во светот на финансии за да ја промени околината на самите трансакции.
Самата технологија ги преобликува финансиските услуги со:
- Отстранување на корумпираноста и зголемување на ефикасноста и едноставноста на финансиските процеси и нивната структура
- Овозможување на прилив на готовина преку Smart Contracts (паметни договори), со кои учесниците ќе можат да конвертираат обични валути за подршка на самите берзи
- Поттикнување прекугранични плаќања во реално време
Како да започнеш со учење на Blockchain технологијата и да работиш како Blockchain Developer
SourceMX Academy го организира единствениот курс за Blockchain development во Македонија, со времетарење од 10 недели или вкупно 20 предавања.
Нашата програма ќе ти помогне да ги научиш основите на Blockchain Development, каде потоа ги покриваме сите технички аспекти заедно со потребните техники за изградба на твојот прв Smart Contract. Преку добро подготвен теоретски материјал, ќе се запознаш каде се користи Blockchain програмирањето и зошто е најбараната вештина во 2020-21 година. Подоцна, користејќи го Solidity и работејќи на некоја од Ethereum мрежите ќе научиш како практично да ги искористиш вештините кои ќе ги стекнеш кај нас. Од моментот на аплицирање, па се до почнувањето на курсот ќе имаме процес на селекција бидејќи имаме слободни места да прифатиме само одреден број на кандидати со барем минимални ниво на познавање од областа на програмирање.
Овој курс ќе ти помогне да навлезеш во светот на Blockchain, каде ќе ја научиш структурата и својствата на самиот Blockchain и поединечните блокови што го сочинуваат.
Прочитај повеќе и пријави се ОВДЕ !