Student Experience – Александра Прошева (Буткамп за видео обработка)
- јуни 4, 2025
- Објавено од: Глигор Ризов
- Категорија: Bootcamp за видео монтажа Student Experience

Кога креативноста е дел од тебе, секогаш бараш нови начини да се изразиш. Александра веќе работеше во дигитален маркетинг и графички дизајн, но чувствуваше дека ѝ недостига алатка што ќе ѝ овозможи да ги оживее идеите. Видео обработката беше следниот чекор. Со јасна мотивација и желба да учи нешто ново, таа го избра SMX Bootcamp-от – програма што нуди структуриран пристап, практична работа и вистинска поддршка.
Така започна нејзиното ново креативно поглавје.
-
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во видео обработка?
Здраво, јас сум Александра. Работам во дигитален маркетинг и графички дизајн, а креативноста отсекогаш ми била голема пасија. Претходно немав формално знаење во видео обработка – само основно снаоѓање со некои алатки.
-
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во видео обработка?
Со менувањето на технологиите и начинот на живеење, верувам дека и ние треба постојано да го надополнуваме нашето знаење. Секогаш сум сакала да креирам видеа што ќе раскажуваат приказна и ќе пренесат емоција. Сметав дека е време да го надоградам моето знаење со конкретни техники и професионални алатки, за да можам посериозно да се посветам на ова поле.
-
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав преку социјалните мрежи. Ме привлече тоа што нудат практични програми, работа на реални проекти и непосредна комуникација со предавачите. Тоа ми звучеше како нешто што вистински ќе ми користи.
-
Од обработените модули, Premiere Pro и After Effects, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Најинтересен модул ми беше After Effects, затоа што овозможува огромни можности за креативност, анимации и визуелни ефекти. Ми се допадна тоа што можеш буквално да „оживееш“ идеи и да им дадеш уникатна динамика.
-
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Предизвик од Bootcamp-от ми беше финалната задача, бидејќи требаше да работиме на реален проект и да ги примениме сите техники кои ги учевме. Беше напорно, но и многу интересно. Со добра организација, поддршка од менторот, и благодарение на предавањата на кои можев да се навратам и да повторам одредени техники и совети, успеав успешно да го завршам проектот.
-
Како би го опишала твоето искуство на Буткампот за видео обработка?
Искуството беше одлично и инспиративно! Научив многу и добив нова перспектива за тоа како може креативно да се изразам преку видео.
-
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Видео обработка во SMX?
Ако размислувате дали да се пријавите – само направете го тоа! Без разлика дали сте почетници или имате некакво предзнаење, ова е одлична можност да учите, да се надоградувате и да излезете со конкретни вештини. Ќе добиете многу повеќе од тоа што го очекувате.
По неколку недели практична работа, задачи и нови техники, Александра излезе од Bootcamp-от со самодоверба и алатки што веќе ги користи во својата работа. Но уште поважно, доби инспирација. Затоа, ако и ти чувствуваш дека видеото може да биде твојата следна вештина – не чекај. Вложи во себе, исто како што направи таа.
🎬 SMX Bootcamp за Видео Обработка е официјално акредитиран со CPD сертификат – признат низ цела Европа.
📅 Започнуваме во септември
🔗 https://smx.mk/live/bootcamp-video-editing/