Student Experience – Биљана Трифуновски – Академија за Data Analysis
- мај 15, 2025
- Објавено од: Gligor Rizov
- Категорија: Data Analysis Student Experience

Кога ќе почувствуваш дека секојдневието ти станува рутина, вистинскиот чекор напред е да вложиш во себе. Биљана Трифуновски, долги години вработена во институција со јасно дефинирани обврски, реши дека е време за промена. Без предзнаења, но со желба за учење, се впушти во Академијата за Data Analysis во SMX – и го отвори патот кон нова, подинамична иднина.
- Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во Data Analysis?
Немам претходно знаење во Data Analysis, прв пат се запознавам. Единствено пред да започнам со академијата имав работено во Excel.
2. Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во Data Analysis?
Веке долго време сум во институција во која што работам според однапред одредени правила, одредби и закони, па време е за чекор напред за нешто ново, подинамично со што моите хоризонти ќе се прошираат.
3. Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
SMX ми беше прв на список едукативен центар, дознав преку Интернет. Стручноста на едукаторите, нивната несебична посветеност, секогаш подготвени брзо да одговорат на поставените прашања без разлика на времето, членовите кои се техничка поддршка на самата академија- дефинитивно не погрешив во одлуката.
4. Од обработените модули, Excel, SQL, Power BI, Python и Data Analysis Python, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Python – програмски јазик нешто ново за мене, можност за одредување на повеќе различни решенија со ист посакуван резултат.
5. Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Академијата и како го надмина истиот?
На почетокот имав проблеми во совладување на материјата, но подоцна направив промена во пристапот на учење со што дојдов до позитивен резултат
6. Како би го опишал твоето искуство на Академијата?
Позитивно, се слушаме наскоро за наредна академија 🙂
7. Како планираш да ги искористиш вештините и знаењето стекнато од Академијата во твојата понатамошна кариера, особено со оглед на постојано растечката побарувачка за Data Analysts на пазарот?
Најпрво во институцијата во која што сум моментално би го искористела своето знаење, на што се надевам ќе наидам на позитивен фидбек, но секако, зошто и да не, сум спремна и за независен Data Analyst
8. Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Академијата за Data Analysis во SMX?
Пријавете се, во SMX има што да се слушне и види.
Ако и ти размислуваш за промена, следниот термин за Академијата за Data Analysis започнува наскоро. Приклучи се и започни го својот развој во една од најбараните области денес.
📍 Повеќе информации тука