Student Experience – Благој Костов (Буткамп за видео обработка)
- јуни 4, 2025
- Објавено од: administratorskarabota
- Категорија: Bootcamp за видео монтажа Student Experience

Видео обработката не е само техничка вештина, таа е форма на креативен израз. Многу млади сакаат да научат како да ја користат правилно. Токму со таа цел, Благој се приклучи на SMX Bootcamp за видео монтажа. Иако веќе има мало искуство, сакаше да научи повеќе, посериозно и понасочено.
Во продолжение, ни раскажува како изгледало тоа патување.
-
Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во видео обработка?
Јас сум Благој Костов, имам 19 години и доаѓам од Струмица. Имам мало искуство во видео едитирање и сум работел на неколку помали проекти за социјални мрежи. Видео обработката ми е интересна и сакам да го надградам своето знаење.
-
Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во видео обработка?
Видеото е динамична област што постојано се развива, па сакам и јас да се развивам заедно со неа. Мојата цел е постојано да го унапредувам своето знаење и вештини, за да можам да создадам што поквалитетни проекти и да ги следам најновите трендови.
-
Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?
За SMX дознав преку директен контакт, но и претходно сум ги забележал на социјалните мрежи и ми оставија добар впечаток. Главната мотивација да го изберам SMX беше можноста за практично учење и работа со професионалци, како и тоа што понудата изгледаше сериозно и квалитетно, со фокус на реални проекти и современи алатки за видео обработка.
-
Од обработените модули, Premiere Pro и After Effects, кој модул ти беше најинтересен и зошто?
After Effects ми беше најинтересен модул, бидејќи е многу поопширен и посложен. Без разлика колку многу знаеш, секогаш можеш да научиш нешто ново, бидејќи оваа алатка нуди огромни можности и различни техники кои не се едноставни за совладување. Токму тоа го прави предизвик и интересен за мене.
-
Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?
Иако немав некој посебен технички предизвик, сепак ми беше важно сите задачи и изработки да ги предавам точно на време и со максимален квалитет. Тоа ме мотивираше да бидам организиран и дисциплиниран во учењето и работата, што ми помогна да го задржам фокусот и да ги надминам сите обврски без проблеми.
-
Како би го опишала твоето искуство на Буткампот за видео обработка?
Искуството на Буткампот беше многу позитивно и мотивирачко. Менторот беше посветен и секогаш подготвен да помогне. Учев многу преку практична работа, што ми помогна значително да ги унапредам вештините и креативноста во видео обработката.
-
Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Буткампот за Видео обработка во SMX?
Ако сте заинтересирани за видео обработка и сакате да ги унапредите своите вештини, Буткампот во SMX е одлична можност за тоа. Ќе научите многу практични работи и ќе имате поддршка од искусен ментор. Само бидете посветени и отворени за учење – резултатите нема да изостанат.
Искуството на Благој покажува дека со вистинска насока и труд, резултатите се неминовни. Работата со ментори и практичните задачи му помогнаа да го изгради својот стил. Патот допрва почнува, но сега е многу посигурен во своите можности. SMX Bootcamp беше одличен прв чекор. A, неговата порака до идните учесници е едноставна – вложи се, и ќе видиш разлика.
📅 Почнуваме во септември – местата се ограничени
💸 Пријави се навреме и искористи попуст за рана пријава
🔗 https://smx.mk/live/bootcamp-video-editing/