Пребарување
  • Пон - Пет 9:00 - 17:00
  • Тоше Проевски 8, 2400 Струмица, Македонија
  • +389 77 648 049
SMX
0
0 курсеви 0,00ден
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за Sales & Communication
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог
  • Регистрирај се
0
0 курсеви 0,00ден
Најава
  • Академии
    • Академија за Data Analysis со Python, SQL & Power BI
    • Академија за Sales & Communication
    • Академија за веб програмирање
  • Bootcamps
    • Human Resources Bootcamp
    • Видео Монтажа Bootcamp
    • Product & Project Management Bootcamp
    • Внатрешен дизајн Bootcamp
  • Курсеви
    • Активни Курсеви
    • Снимени курсеви
    • Неактивни курсеви
  • Вебинари
    • Кариера како Data Analyst – Се што треба да знаетé
    • Најважните правила и практики за видео обработка – Како тоа го прават врвните професионалци
    • Вебинар за Data Analysis
    • Вебинар за Fullstack Web Development
    • Погледни ги сите вебинари
  • Блог

Student Experience – Борјана Атанасовска (HR Bootcamp)

  • септември 25, 2025
  • Објавено од: Gligor Rizov
  • Категорија: HR Bootcamp Student Experience
Нема коментари

HR не е само процеси и документи, туку разбирање на луѓето, ситуациите и динамиката во тимовите. Практичниот пристап на SMX HR Bootcamp ѝ овозможи на Борјана Атанасовска да стекне реални вештини за комуникација, стратешко планирање и правна рамка. Ова искуство покажува колку знаењето и човечката страна на HR одат рака под рака.

1. Накратко запознај не со тебе? Дали имаш претходно знаење во човечки ресурси?

Јас сум Борјана Атанасовска, со образование во областа на новинарството и односите со јавноста. Иако мојата формална едукација е во областа на комуникациите, оддамна имав интерес за човечките ресурси како динамична и интересна сфера, но никогаш не бев доволно храбра да направам транзиција во кариерата.

Верувам дека луѓето се најважниот ресурс во секоја организација и со вистинска мотивација и правилен пристап можат да бидат најголем двигател на успехот.

2. Зошто се одлучи да го унапредиш своето знаење во човечки ресурси?

Затоа што без континуирано надградување на знаењето, нема напредок. Јас сум личност која сака да учи и расте. Гледам на Човечките ресурси како на поле во кое можам да ги искористам моите комуникациски и аналитички вештини, но и постојано да учам нови практики. Со правилен избор на едукативен канал, надградувањето на знаењето е природен и неминовен процес.

3. Како дозна за SMX? Која беше главната мотивација за да го избереш SMX како едукативен центар?

Истражував различни можности и барав програма која ќе ми овозможи за пократок временски период да стекнам практични и применливи знаења во областа на Човечките ресурси. Претходно активно се едуцирав и учев самостојно, а SMX го избрав затоа што препознав структура, квалитет и можност да учам од докажани професионалци кои ја познаваат локалната и меѓународната пракса во Човечки ресурси.

4. Од обработените модули, Стратешки HR, Правен HR и Ефективна комуникација во HR, кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули беа јасно структурирани и корисни, но најмногу ме привлече модулот „Ефективна комуникација во HR“. Комуникацијата е основа на секојдневното работење со луѓе, а преку овој модул научив како на практичен начин да ја надградам мојата вештина за јасно, транспарентно и емпатично пренесување информации во прилично динамични средини како денешните.

5. Дали можеш да ни издвоиш некој предизвик во моменталниот тек од Буткампот и како го надмина истиот?

Најголем предизвик ми беше да се вклопам во темпото – учење наспроти работа, приватен живот, дете, семејство. Секако, успеав во истото со правилно организирање на времето и големото разбирање од менторите кое го добивав постојано. Во однос на модулите, најголем предизвик ми беше делот со правната рамка, законите, регулативите кои се менуваат, предизвиците кои постојат но истото го надминав со постојана комуникација со менторите, кои секогаш беа подготвени да помогнат и да дадат насоки.

6. Како би го опишала твоето искуство на Bootcamp-от за човечки ресурси?

Квалитетно, интерактивно и многу практично искуство. Ми помогна да ги согледам моите слабости, но и да ги надградам моите силни страни. Научив како да ги препознаам вистинските предизвици во сферата на Човечки ресурси и да им пристапам на структуриран и професионален начин.

7. Која би била твојата порака до идните заинтересирани студенти за Bootcamp-от за Човечки ресурси во SMX?

Знаењето е највредниот капитал кој никој не може да ни го одземе. Вложувањето во знаење е вложување во сопствен раст и развој, а тоа секогаш ќе се исплати – како професионално, така и лично.

Приказната на Борјана покажува дека промената на кариера кон човечки ресурси е возможна и инспиративна, кога зад себе имаш структура, ментори и практична програма. HR Bootcamp-от ѝ помогна не само да ги надгради своите комуникациски и стратешки вештини, туку и да стекне сигурност за вистински чекори во новата професионална насока.

🚀 HR Bootcamp само што започна – последна шанса да се вклучиш во септемвриската група!
Пријави се овде 👉 https://smx.mk/live/hr-bootcamp-covecki-resursi/

Напишете коментар Откажи одговор

За Нас

Локалис Трејд ДООЕЛ
ул. Младинска 230, 2400 Струмица
ДБ: 4027015522348 ЕМБС: 7031351
Жиро сметка: 210070313510133

Линкови

  • Контакт
  • Политика за приватност
  • Политика на враќање на средства
  • Стани инструктор

SMX е официјално CPD акредитиран едукативен центар

Image 1
Image 2

Поддржано од

Image 3
© SMX 2024
Sign In
The password must have a minimum of 8 characters of numbers and letters, contain at least 1 capital letter
Запомни ме
Sign In Регистрирај се
Restore password
Send reset link
Password reset link sent to your email Close
Confirmation link sent Please follow the instructions sent to your email address Close
Your application is sent We'll send you an email as soon as your application is approved. Go to Profile
No account? Регистрирај се Sign In
Lost Password?